Дали е блокчејн одговорот на кризата во Венецуела?

Очајните времиња бараат очајни мерки, а создавањето на сопствената криптовалута на Венецуела, поддржана од нафта, дефинитивно мириса на очај. Но, кој може да ја обвини владата на претседателот Николас Мадуро – која ја надгледува една од најлошите економски кризи на поновата историја – да бара поддршка од блокчејн? Без разлика дали ќе функционира или не за јужноамериканската нација е еден милион процентно инфлацискио прашање.

Хиперинфлацијата е катастрофа за економијата на секоја земја. Треба само да се погледне Зимбабве на крајот на минатиот век или падот на Вајмарска Германија во 1920-тите, за да ги согледате политичките последици на владите кои трошат пари што ги немаат, како и население кое има пари што не можат да ги користат. Тоа е повеќе од економски колапс – истовремено е и општествен колапс. Ова е она што се случува токму сега во Венецуела. Недостатокот од лекови и храна ја погоди земјата од Јужна Америка, кога веќе влегува во деветтата година на хиперинфлација.

Меѓународниот монетарен фонд минатата година процени дека стапката на инфлација во Венецуела ќе достигне еден милион проценти до крајот на 2018-та година. Мадуро треба да дејствува и тој избра блокчејната технологија за да ја обнови својата економија. За прв пат во историјата, хиперинфлација се случила во ерата на дигиталната валута – дали би можел блокчејн да биде решението?

Petro беше објавена кон крајот на 2017-та година, во обид да се дополни поранешната валута на Венецуела, боливарот и да помогне во надминување на санкциите од САД. Според Aljazeera, Венецуела одвои пет милијарди барели нафта за да ја поддржи својата нова дигитална валута (Petro), која е врзана за цената на барелот на Венецуелска нафта. На овој начин, Petro повеќе дејствува како security token отколку корисна криптовалута.

Дали тоа сепак ќе функционира? Некои извештаи сугерираат дека криптовалутата и резервите на нафта не постојат. Белата книга за Petro објавена од страна на владата на Венецуела покажува впечатлива сличност со криптовалутата Dash. Понатаму, како што објавија медиумите, монетата се уште не е прикажана на ниту една од главните берзи и има потешкотии во нејзиното прифаќање од страна на сојузниците на Венецуела.

Можеби поважно од создавањето на блокчејн е усвојувањето блокчејн. Падот на fiat валутата предизвика процут за криптовалутите за Венецуелците. Всушност, Биткоин достигна рекордно тргување во првиот квартал на 2019-та година, а владата објави нови такси, во обид да ги регулира криптовалутните дознаки. Понатаму, Dash ја смета јужноамериканската нација како втор по големина пазар за плаќања со клиенти, вклучувајќи ги и имињата на брендови како Subway и Calvin Klein.

Што и да се случи, ова е непозната економска територија. Каква улога може да игра криптовалутата во економска криза? Дали може да ја спаси економијата која е загрозена од финансиски лошо раководење? Времето ќе покаже, но, за подобро или полошо, Petro има шанса да стане најголем пример за влијанието на блокчејн врз целата земја.

Осврнувањето кон блокчејн веројатно ќе има долготрајно културно влијание одколку економско. Во средината на оваа криза, Венецуелците се свртеа кон криптовалутите и блокчејн технологијата. Ќе биде интересно да се види како ова се развива кога сепак среќата ќе и се насмевне на оваа земја. Сепак, создавањето на Petro е фасцинантен експеримент кој без сомнение ќе понуди идна студија на случај за нациите кои се наоѓаат во хиперинфлација.

Leave a comment