Дали е безбедно да се праќа крипто преку мејл? Нова платформа за наплата ветува “целосна безбедност”

Новата платформа за крипто плаќања им овозможува на корисниците можност да задржат или да испратат криптовалути со користење на мејл адреса. Приватни клучеви се обезбедени преку sharding и децентрализација. Платформата ја поврзува адресата на Ethereum wallet-от со мејлот, телефонскиот број или кориснички ID и компанијата вели дека им овозможува на корисниците да ја “заобиколат комплексната природа на “crypto wallets”.

Нов метод на крипто безбедност

Новата паметна платформа за криптоплаќање Quixxi Connect обезбедува услуга за чување и управување со дигитални средства. Компанијата вели дека нивното решение за Smart Crypto Payments може да им помогне на сопствениците на криптовалути да ги заштитат своите дигитални средства од кражба и загуба. Оваа “едноставна и безбедна” платформа има две уникатни карактеристики кои имаат за цел да придонесат за масовно крипто усвојување.

Првата опција е “комплетна заштита на wallet-от”. Платформата користи блокчејн за децентрализирање на шифрирани фрагменти од приватни клучеви на корисниците. За да пристапите до wallet-от и ако сакате да купите нешто, корисникот мора да помине низ верификација на идентитет. Потоа, shards се преуредуваат и дешифрираат, давајќи им на корисниците целосна контрола врз нивните wallets.

Адресата на wallet-от е директно поврзана со адресата на мејлот на корисникот. Според Quixxi Connect, ова овозможува правење крипто плаќања преку методи со кои луѓето веќе се запознаени. На пример, праќате coins директно на вашите пријатели или семејства преку мејл или лична карта. Освен тоа, корисниците можат да купуваат или продаваат било каква стока или услуги со функцијата Smart Payment која ја има на платформата. Друга карактеристика што може да им помогне на новодојдените во крипто светот е тоа што wallet-от и адресата автоматски се креираат на Ethereum Network по регистрацијата во Quixxi Connect системот.

Причини за крипто загуба

Според истражувањето, објавено од компанијата за сајбер безбедност, Carbon Black, платформите за крипто размена беа најчестите цели за хакерите во текот на првите шест месеци од 2018-та година. Како резултат на тоа, од почетокот на годината биле украдени повеќе од една милијарда долари во дигитални монети. Аналитичарите тврдат дека во моментов се проценува дека 12.000 dark web пазари продаваат околу 34.000 понуди поврзани со крипто.

Покрај хакирањата на платформи, постои уште една причина за губење на криптовалути. Компанијата за блокчејн форензика, Chainalysis, пресметала во 2017-та година дека 3,79 милиони биткоини веќе биле загубени врз основа на високата проценка – и 2,78 милиони врз основа на ниско ниво. Тоа значи дека 17 до 23 проценти од вредноста на постојните биткоини, околу 24,6 милијарди долари, се изгубени. Понекогаш сопствениците едноставно ги губат своите приватни клучеви поради краш на хард дискот или ги забораваат своите wallet податоци.

За  Quixxi Connect

Quixxi Connect е тим регистриран во Сингапур и со седиште во Австралија. Покрај главната канцеларија, има 80 програмери низ цела Италија, Индија, Австралија и САД, кои работат на платформата. Quixxi Connect Token Sale е моментално во втората недела, каде што компанијата вети дополнителен бонус од 10 отсто од Quixxi Tokens (QXE) за сите придонеси. Компанијата вели дека нејзината главна цел е “да се отстранат некои од бариерите со кои се соочуваат глобалните Crypto-Commerce”. Платформата Quixxi Connect “може да им помогне на поединците да ги обезбедат своите средства на блокчејнот и понатаму да им овозможат на претпријатијата безбедно да го интегрираат овој паметен систем за плаќање во нивните постоечки платформи и апликации (веб и мобилни).”

Leave a comment