Дали блокчејн е најдобрата банкарска алтернатива за помош во намалувањето на сиромаштијата?

Да се биде во можност да се пристапи до основни банкарски услуги е клучно за да им се помогне на оние кои живеат во сиромаштија – дали блокчејн технологијата може да обезбеди најдобро решение?

Додека голем број од нас ги земаат погодностите на современото електронско банкарство здраво за готово, значителен дел од населението, всушност, нема пристап до банкарските услуги. Според извештајот од 2017-та година направен од страна на FDIC, над дваесет и пет проценти од Американците или немаат банкарска сметка или не се во можност да ја користат нивната сметка за да ги покријат сите нивни финансиски потреби. Овој проблем станува поочигледен кога ги гледате земјите во развој, оние кои не се толку богати како САД. Околу 1,7 милијарди возрасни луѓе на планетава немаат пристап до банкарство, според неодамнешниот извештај од Светската банка на Global Findex.

Денеска и во оваа ера е тешко е да се поверува дека толку многу луѓе, особено оние што живеат во екстремна сиромаштија во земјите во развој, се исклучени од формален вид на банкарски систем. Ова ги натера најсиромашните да бараат ризични и скапи алтернативи и тоа ги држи во циклус на сиромаштија. Постои растечки интерес, особено од оние во заедницата на блокчејн технологијата, за тоа како да се прошират финансиските услуги на тие кои немаат банкарски сметки и пристап до нив.

Подобрување на пристапот до финансиски средства за сите

Немањето пристап до основни финансиски услуги, како на пример имањето банкарска сметка, претставува голема пречка за ублажување на сиромаштијата, така што Обединетите нации го вклучија како значаен дел од неговите 17 Одржливи развојни цели за поттикнување на одржлив развој на сиромашните нации низ целиот свет. Но, одржливиот финансиски раст станува многу потежок бидејќи многу од најголемите банки во голема мера го намалија нивното присуство во областите погодени од сиромаштијата поради високата цена за локации и екстремниот ризик. На луѓето што живеат во овие недоволно развиени подрачја им е потребна банка, но немаат пристап.

Блокчејн технологијата може да помогне да се смени финансиското уредување за тие што немаат банкарски сметки

Предности на блокчејн технологијата:

Таа е децентрализирана. Криптовалутите како Биткоин не бараат филијала на локална банка или дури и централна банкарска мрежа за да ги понудат потребните банкарски услуги за оние во помалку развиените земји каде што не постојат традиционални банкарски услуги. Сè што е потребно е мобилен телефон и интернет конекција

  • Таа е безбедна. Користејќи напредни алгоритми и техники за складирање, блокчејн платформите се осигуруваат дека секој што го користи може да се чувствува сигурно дека нивните информации ќе останат приватни
  • Таа е без граници. Блокчејн технологијата може да им помогне на сите да учествуваат во современата дигитална економија, па дури и луѓето што живеат во помалку развиените земји
  • Таа има потенцијал да ги подобри личните финансии со дигитално складирање на идентитетите, создавајќи кредитни истории преку следење на трансакции што на крајот им помага на оние со изгубени идентитети и кои немале кредитни истории да имаат пристап до кредити
  • Трошоците за прекугранична финансиска трансакција се пониски
  • Малите бизниси можат да користат криптовалути за плаќање во странство, овозможувајќи им да учествуваат во глобалната економија

Зошто блокчејн како банкарска алтернатива има смисол

Блокчејн ги има сите потребни елементи за да делува како банкарска алтернатива за луѓето ширум светот. Всушност, веќе постојат криптовалути базирани на блокчејн за да се задоволат потребите на корисниците, при што Биткоин е најпопуларен. Овие валути базирани на блокчејн се посигурни од многу други форми на дигитални валути, кои обезбедуваат подобра заштита од измама и ограничување на пристапот до фондовите, така што само овластени корисници можат да вршат трансакции.

Бидејќи областите без банки почнуваат да се збогатуваат едноставно со тоа што имаат пристап до банкарска алтернатива базирана на блокчејн, веројатно ќе се зголемуваат можностите за кредитирање и други финансиски услуги. Тоа лесно може да отвори нови можности во областите каде што банките се ретки и традиционалните заеми тешко се добиваат поради недостаток на идентификација.

Некои финансиски провајдери веќе експериментираат со дебитни и кредитни картички базирани на блокчејн. Овие картички им овозможуваат на корисниците пристап до криптовалути складирани во дигитални паричници за трансакции во реалниот свет на места каде што криптовалутите традиционално не се прифатени. Компании како Wirex нудат припејд картички наполнети со криптовалути кои автоматски ќе ги претворат средствата во fiat за употреба. А сопственикот на ваква Wirex картичка може да ја наполни картичката со 1 па се до 50 поддржани криптовалути. Наполнувањето на картичката е бесплатно и можете да префрлувате средства директно од вашата банкарска сметка за да купите крипто.

Иднината на банкарството

Може ли трговијата и заемите базирани на блокчејн конечно да направат она што традиционалните банки неможат и да создадат повеќе финансиски можности за луѓето насекаде?

Многу големи компании се трудат да придонесат за одржливи решенија за некои од предизвиците со кои се соочуваат луѓето без банкарски услуги. Smart Sapien, Канадска компанија, го започна проектот Silver Linings како блокчејн дигитален идентитет и решение за да помогнат околу идентификацијата и другите предизвици со кои се соочуваат младите бездомници.

“Блокчејн е револуционерен дел од технологијата која има способност да создаде уникатна идентификација во дигиталниот свет и исто така создава сеприсутен извор на вредност од податоците што ги надоместуваме од различни извори. Убеден сум дека блокчејн ќе има голема улога во намалувањето на обемот на сиромаштијата во овој свет, истовремено помагајќи им на помалку среќните да станат пообразовани и да им се понуди помош од другите за побрз процес на рехабилитација.”- Мет Хинкли, извршен директор на Smart Sapien и коосновач и извршен директор на Liquidus.

Blockstream, глобален лидер во Биткоин блокчејн  технологијата, ја започна Blockstream Satellite мрежата кој го емитува Биткоин блокчејнот во светот 24 часа без прекин, заштитува од прекини во мрежата и му обезбедува на секој во светот можност да го користи Биткоин.

“Во моментов, блокчејн и криптовалутите претставуваат достапно решение за луѓето кои не поседуваат сметка во банка. Не знаеме дали ова е ТОА  одржливо решение на проблемот, но знаеме дека во овој момент, нема подобро”. – Ана Нимира, директор за развој на бизнисот на CryptoChicks.

Блокчејн технологијата и криптовалутите кои се изградени на неа навистина може да бидат технолошка можност потребни за подобрување на животот на оние кои живеат во сиромаштија. Со тоа што им помагаат да го дигитализираат својот идентитет и нивниот капитал, да добијат пристап до кредити и да им дадат пристап до глобалните пазари, оваа растечка технологија потенцијално би им дозволила да ја остават сиромаштијата зад себе.

Leave a comment