Дали Белорусија ќе биде првата земја со биткоинско фармање на нуклеарен погон?

Крипто фармањето изгуби дел од својата профитабилност за време на продолжениот bear пазар во изминатата година. Сепак, не сите инвеститори се кратковидни. Белорусија, на пример, не се откажува од своите намери да ја развие дигиталната економија, чиј дел е крипто-просторот. Минск смета дека има доволно ресурси и наскоро ќе има многу евтина енергија за напојување на нови објекти за ковање пари и да направи пари од биткоинското фармање.

Лукашенко ќе гради биткоин фарми на Белоруската нуклеарна централа

За време на неодамнешниот состанок со претставници на IT индустријата, претседателот Александар Лукашенко ја потврди волјата на неговата администрација за заштита и унапредување на дигиталниот сектор во земјата и увери дека има доволно ресурси за да го стори тоа. Тој и рече на публиката во High Technologies Park (HTP) дека наскоро Белорусија ќе има вишок електрична енергија што може да се искористи за напојување на нови крипто фарми.

Шефот на државата се осврна на новата Белоруска нуклеарна централа (NPP), чива земја моментно ја гради во округот Астравиец на Гродно, веднаш до границата со Литванија. Новата атомска електрична станица ќе има два нуклеарни реактори. Првата единица треба да стапи во функција до крајот на годината, а втората ќе почне со производство на електрична енергија во летото 2020-та година. NPP ќе има комбиниран капацитет од околу 2400 мегавати. Лукашенко понатаму коментираше:

Ќе ја лансираме атомската станица и ќе добиеме вишок енергија. Оставив простор таму – ќе градиме фарми и ќе ги искористиме и продадеме биткоините кои што ќе бидат исфармани. Велат дека ако имате биткоин не е проблем да го продадете, нели?

Белорускиот претседател ја потсети High Tech Park заедницата дека тој бил движечка сила зад проектот за создавање на специјална економска зона и вети дека ќе ја одржи својата поддршка. “Ќе се движиме во иста насока. Сакав криптовалути, крипто берзи, биткоин фарми, и така натаму … Заедно ќе продолжиме по овој пат”, вети тој, цитиран од новинскиот сајт Belta.

Крипто-пријателскaта Белорусија се движи напред

За време на разговорот со младите белоруски специјалисти за информатичка технологија, кои ги нарече “моите деца”, Александар Лукашенко изјави: “Ние го чекориме заедно со вас овој пат, и не планираме да скршнеме лево или десно. Одиме напред … Ако ви треба нешто, само да ми кажете и ние ќе го решиме секој проблем”, вети тој. Белорускиот лидер ги увери дека државата ќе продолжи да ја поддржува дигиталната економија во земјата и истакна: “Ние ќе го сториме тоа. Тоа е моја одговорност … Јас ќе ви помогнам што е можно повеќе.”

Белорусија, поранешна советска република и близок сојузник на Русија, честопати критикувана за својот авторитарен режим, ги легализираше крипто-активностите во рамките на HTP минатата година. Специјалниот претседателски декрет №8 “За развојот на дигиталната економија” стапи на сила на 28-ми март 2018-та година. Нема да се наплаќа данок на крипто компаниите до 1-ви јануари 2023-та година. За да се олесни нејзината имплементација, владата во Минск усвои нови крипто сметководствени стандарди и подоцна ја прошири регулаторната рамка.

Политиката која е крипто-пријателска е дел од напорите на земјата да стане глобален IT центар кој ги привлекува бизнисите и претприемачите од целиот свет со пријателска средина. Белорускиот High Tech Park е основан да претставува Белоруска Силиконска долина. Сега е домаќин на стотици жители, вклучително и претставници на крипто просторот. На пример, берза која е лиценцирана според декретот за дигитална економија, започна со тргување со крипто средства овој јануари. Другите компании развиваат блокчејн, решенија за плаќање и крипто фармање.

Leave a comment