Г20 се подготвува за регулирање на крипто средствата – погледнете ги тековните политики

По нивната заедничка декларација со која се залагаат за регулирање на крипто средствата, земјите од Г-20 сега се подготвуваат да постават крипто политики на претстојниот самит. Неколку меѓународни организации придонесоа ресурси и активно работат за да помогнат во обликувањето на регулациите.

Г20 се подготвува да разговара за крипто политиките

Претстојниот самит на Г-20 ќе се одржи во Осака, Јапонија, на 28-ми и 29-ти јуни. Учесници се 19 земји-членки, Европската унија, гости-држави и голем број меѓународни организации. По заедничката декларација на членовите кои се обврзаа да ги регулираат крипто средствата за AML и CFT цели, неколку тела за утврдување на стандардите придонесоа ресурси за да им помогнат на Г-20 да постават крипто политики. Според Јапонските медиуми, од земјите се очекува на самитот да се договорат за новите прописи поврзани со криптовалутите.

Г-20 ја потврди својата поддршка за Financial Action Task Force (FATF) како “глобално спречување на перење пари, против финансирање на тероризам и финансирање на стандардизациска организација”, FATF опиша во својот извештај доставен до Г-20 минатата недела. Г-20 дополнително побара од организацијата да разјасни како се применуваат нејзините стандарди за “виртуелни средства”. Одговарајќи на ова барање, FATF потврди дека “јурисдикциите треба да применат пристап базиран на ризик кон виртуелни средства” и поврзани активности. Ветувајќи дека ќе издаде нови упатства во јуни, елаборираше:

“Како минимум, треба да се бара од давателите на услуги со виртуелни средства да бидат лиценцирани или регистрирани во јурисдикцијата каде што се креирани, или … од местото каде што работат.”

FATF, исто така, препорачува “Давателите на услуги со виртуелни средства треба да бидат надгледувани или следени од надлежен орган (не саморегулаторно тело)” и “Земјите треба да обезбедат меѓународна соработка во врска со виртуелни средства и виртуелни сервисни служби”.

Одборот за финансиска стабилност, кој го следи и дава препораки за глобалниот финансиски систем, исто така, достави извештај до Г-20, во кој се наведени кои се крипто регулаторите во секоја земја-членка. Во меѓувреме, Базелскиот комитет за банкарска супервизија во моментов презема квантитативна студија за влијанието на директните и индиректните изложености на банките на крипто средства.

Понатаму, потавувачкото тело за голбални стандарди на пазарот на хартии од вредност, Меѓународната организација на комисии за хартии од вредност, разви рамка за поддршка за да помогне во решавањето на домашните и прекуграничните прашања кои произлегуваат од ICO и рамка за идентификување на ризиците поврзани со секундарното тргување со крипто средства.

Членовите на Г-20 се Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Јужна Кореја, Јужна Африка, Русија, Саудиска Арабија, Турција, Велика Британија, САД и Европската Унија. Подолу е даден краток преглед на тоа како тие во моментов ги регулираат крипто средствата.

Јужна Америка

За Аргентина, централната банка ги проценува ризиците поврзани со финансиската стабилност од крипто пазарите и ги следи изложеностите на финансиските институции на крипто средства. Комисијата за хартии од вредност ги надгледува овие средства на пазарите на капитал и Одделот за финансиски информации се занимава со крипто поврзаните проблеми со AML / CFT.

За Бразил, Комисијата за хартии од вредност е одговорна за криптовалутите кои се хартии од вредност. Централната банка на Бразил (BCB) објасни:

“Нашиот сегашен мандат ни овозможува да ја процениме изложеноста на финансиските институции на тие средства и да ги надгледуваме нивните операции. Покрај тоа, BCB има мандат да регулира кои видови на операции кои вклучуваат крипто-средства, финансиските институции имаат дозвола да ги извршуваат.”

Северна Америка

САД има повеќе регулатори за крипто средства. Комисијата за хартии од вредност (SEC) ги регулира криптовалутите кои се сметаат за хартии од вредност, додека комисијата за тргување со стоковни фјучерси (CFTC) ги надгледува крипто дериватите и стоките.

Федералната комисија за осигурување на депозити (FDIC) ги надгледува изложеностите на финансиските институции на крипто средства. Мрежата за спречување на финансиски криминал (Fincen) има федерална власт за надгледување на парични испраќачи што работат со конвертирање на криптовалути.

Канцеларијата на контролор на валути ја одредува дозволивоста и прудентното однесување на банките поврзани со крипто средства. Канцеларијата за финансиски истражувања ги следи овие средства и нивните пазари за да ги идентификува ризиците за финансиска стабилност.

Канада, исто така, има многу регулатори за крипто средства. Меѓу нив е и Банката на Канада, која гарантира дека криптовалутите не претставуваат системски ризици за финансиската стабилност за економијата на земјата. Канцеларијата на супервизорските финансиски институции обезбедува нивото на изложеност на финансиските институции на крипто средства да е во рамките на прифатлив ризик.

Агенцијата за финансиски потрошувачи на Канада е одговорна за заштита на потрошувачите на финансиски услуги и производи кои вклучуваат крипто средства. Агенцијата за приходи во Канада се занимава со даноци поврзани со крипто. Понатаму, Комисија за хартии од вредност на Онтарио, Органот на финасиските пазари, Комисијата за хартии од вредност на Алберта и Комисијата за хартии од вредност од Британска Колумбија ги регулираат крипто средствата во рамките на нивните надлежности.

За Мексико, централната банка е одговорна за дефинирање на карактеристиките на крипто средствата со кои на финансиските институции им е дозволено да работат. Банката неодамна излезе со некои правила кои ја разгореа индустријата.

Европа

Минатата недела, беше објавена статија за тоа како Европската унија и пет земји на континентот ги регулираат криптовалутите. Шпанија не е членка на Г-20, но е поканета да присуствува на самитот како земја-гостин.

Во понеделникот, Француското тело за финансиски пазари ги објави деталите за новата регулативна рамка за криптовалути, која беше усвоена на 11-ти април, како дел од  Pacte законот.

Азија

Статијата за тоа како Кина, Индија, Јужна Кореја и Јапонија ги регулираат криптовалутите.

Што се однесува до Индонезија, Банката на Индонезија ги забрани криптовалутите како средство за плаќање, но продолжува да ги следи крипто трансакциите и нивните потенцијални долгорочни ефекти врз монетарната политика и финансиската стабилност. Министерството за трговија, сепак, ги призна криптовалутите како стока која може да се тргува со Регулаторната агенција за тргување со стоковни фјучерси (Bappebti), која делува како регулатор. FSB изјави:

“Во моментов, Bappebti развива екосистем за крипто пазарите и крипто берзи со цел да ги заштити потрошувачите на крипто средства.”

Понатаму, Индонезискиот орган за финансиски услуги го следи развојот и ефектите на fintech врз финансиската стабилност, додека Министерството за финансии го разгледува механизмот за оданочување за тргувањата и активностите поврзани со крипто средства.

Западна и Централна Азија

За Саудиска Арабија, Управата за пазари на капитал, заедно со Монетарната управа на Саудиска Арабија (SАМА), “планираат да спроведат студија која има за цел да изврши проценка на можноста за воведување на крипто средства и ICO во Саудиска Арабија”, според FSB. Одборот појасни:

Во моментов, нема регулатива која директно ги таргетира крипто средствата во Саудиска Арабија. Сепак, постојниот мандат на SАМА овозможува да се оцени изложеноста на финансиските институции на тие средства и да се надгледува нивното работење.

За Турција, централната банка е одговорна за надгледување на платниот систем на земјата, додека Одборот за истраги за финансиски криминал работи на правилата поврзани со криптовалути и давателите на крипто услуги.

Русија, исто така, работи на регулаторната рамка за криптовалути. Во февруари, претседателот Владимир Путин ја упати владата во усвојувањето на федералните закони за криптовалути до јули.

Африка и Океанија

За Република Јужна Африка (RSA), централната банка ги проценува регулаторните импликации за fintech и ги надгледува крипто средствата кога се користат за плаќање. Банката појасни:

“Во моментов нема посебни закони или регулативи кои ја регулираат употребата на VC [виртуелни валути] во RSA. Според тоа,  во моментов не постојат услови за усогласување за локално тргување со VC во RSA.”

Во меѓувреме, Прудентната власт на земјата врши надзор над вклученоста на регулираните субјекти со крипто средства, а органот за спроведување во финансискиот сектор ги надгледува крипто средствата на финансиските пазари. Центарот за финансиско разузнавање обезбедува дека тие не можат да се користат за недозволени цели, додека службите за јавни приходи ги собираат крипто даноците.

За Австралија, Центарот за извештаи и анализи за трансакции (AUSTRAC) ги регулира крипто берзите за кои е потребно да се регистрираат. Комисијата за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) ги следи крипто и ICO активностите кои бараат инвестиции од Австралијците. И на крај, централната банка ги проценува импликациите на крипто средствата за монетарната политика, ги идентификува нивните ризици за финансиската стабилност и ги воспоставува политиките на поврзаниот платежен систем, доколку е потребно. Банката го објави Извештајот за финансиска стабилност во април минатата недела, потврдувајќи:

“ASIC има намера да ги следи ICO за да осигура согласно однесување и да воведе регулирање за пазарната инфраструктура на крипто берзите.”

Leave a comment