Г-20 Форумот го одложи рокот за “конкретните препораки” кон крипто

Г-20 ќе продолжи да не се вмешува во својот пристап кон криптовалутите најмалку до октомври, потврди форумот на состанокот одржан на 21-22-ри јули.

Во резимето од привремените одлуки направени од страна на посветените министри за финансии и гувернерите на централните банки (FATF), сега за сега нема никакви тешки и брзи регулаторни чекори во врска со криптовалутите.

Овие резултати следат по четиримесечен период на консултации што FATF го донесе на претходниот собир во март. Во тоа време, претставниците велат дека биле обврзани да создадат, како што се нарекувале, “многу конкретни препораки” за тоа како да се пријде на крипто-сферата на меѓународно ниво.

Сепак, во следните месеци, се чини дека ставот значително омекнува.

“[Ние] бараме од FATF да се изјасни до октомври 2018-та година како нивните стандарди се применуваат на крипто-средства”, се барањата во резимето.

Во кратки коментари за општото расположение кон криптовалутите, Г-20 усвои слично избалансиран став, наведувајќи дека технологијата ги содржи и “придобивките” и “ризиците”.

“Технолошките иновации, вклучувајќи ги и оние основни крипто-средства, можат да дадат значајни придобивки за финансискиот систем и за пошироката економија”, продолжува документот:

“Сепак, крипто-средствата ги покренуваат прашањата во однос на заштитата на потрошувачите и инвеститорите, интегритетот на пазарот, даночното затајување, перењето пари и терористичкото финансирање.”

Таквиот речник го одразува ставот кој произлезе од активностите на Г-20 во текот на целата година, а исто така ги претставува и неодамнешни коментари од конститутивните учесници, како што е Европската Унија. Претходно овој месец, извештајот на Француската влада поднесен од министерот за финансии, Бруно Ле Маир, кој јавно ги повика Г-20 на расправа за криптовалутите, и со тоа препорача и избегнување на директна регулација.

Leave a comment