Г-20 можеби ќе креира регистар на крипто берзи

Во обид да се спречи дигиталното перење пари, се очекува големите напредни економии од Групата од 20 (Г-20) да се согласат околу создавање на регистар на крипто берзи, објави Nikkei, не цитирајќи никого.

Во извештајот не се дадени дополнителни детали за договорот.

Како што е соопштено, на состанокот што ќе се одржи во Фукуока, Јапонија, на 8-9-ти јуни, групите од министри за финансии и централни банкари ќе разговараат за голем број прашања во врска со дигиталните средства, од кое и најзначајното околу перењето пари, и подеднакво важното – заштита на клиентите. Нивната цел е спречување на пренесување на незаконски средства, особено под маската на анонимност, што го прави невозможно да се следат парите.

Ова не е се што Г-20 има во план за криптовалутите, бидејќи веќе неколку години работат на голем број планови. Јапонија под нејзиното претседавање со Г-20 беше многу заинтересирана за регулирање на крипто, и знаеме дека групата ќе се состане на денеска на 1-ви јуни во Осака, на разговори околу голем број регулации. Јапонија, исто така, сака да ги убеди своите меѓународни колеги да се заложат за крипто прописите за кои дискутираа тие.

Како што претходно беше објавено, Токио неуморно работи на пробивање на меѓународните берзи кои активно се насочени кон Јапонските клиенти, но нема многу што владината агенција во една земја во моментов може да направи за берзите во друга. Меѓутоа, овие видови на меѓународни напори на кои сме сведоци во самиот момент, би можеле потенцијално да го сменат сето тоа.

Со убедување на членовите на Г-20 да ги стават берзите под контрола на националните финансиски регулатори, Јапонија, исто така, се чини дека сака да се осигура дека земјите активно се борат против перењето пари на истите берзи. Владата на Шинзо Абе, најверојатно, ќе ги поддржи сите напори за воведување на упатства за  know-your-customer (KYC) – и покрај инсистирањето на индустријата дека таквите мерки ќе бидат “драконски”.

Leave a comment