Градоначалникот на Сеул планира 100 милиони долари за изградба на блокчејн Smart City

Парк Вон-сун, градоначалникот на Сеул, објави петгодишен план да инвестира 108 милиони долари за да го развие главниот град на Јужна Кореја како Smart City кој би се напојувал со блокчејн.

Во говорот за време на неговата посета на Цирих, Парк објави минатата недела дека неговиот блокчејн урбанистички план за 2018-2022-ра ќе покрива 14 државни служби во пет области, со буџет од 123,3 милијарди корејски вонови (околу 108 милиони долари), според извештајот на CoinDesk Korea  во четвртокот.

Парк додаде дека големите јавни служби кои усвоиле блокчејн вклучуваат трудова заштита, управување со историјата на возилото, издавање сертификати, управување со донации и гласање на избори.

Градоначалникот објасни и ја даде како пример, како Метрополитската влада на Сеул ќе ја користи технологијата за заштита на работници со скратено работно време кои немаат договори за работна сила или не се опфатени со осигурување за вработување.

Овие работници ќе можат да се регистрираат преку блокчејн апликацијата која ќе биде развивана како дел од планот. Потоа, организациите за социјална заштита и осигурителните компании, кои учествуваат како управувачки јазли, би можеле да ги споделат информациите на работниците преку дистрибуирана мрежа и да одлучат за различни шеми за осигурување, се вели во извештајот.

Парк, исто така, посочи дека неговата администрација има за цел да потроши уште 60 милијарди вонови, или околу 53 милиони долари, да изгради два комплекси до 2021-ва година за да се сместат 200 блокчајн стартапи, користејќи делови од Gaepo Digital Innovation Park и Mapo Seoul Startup Hub.

Планот доаѓа само неколку месеци откако Парк ја освои кампањата за реизбор како градоначалник на Сеул во јуни. Парк вети дека како дел од неговата кампања ќе ја зголеми поддршката за развој на блокчејнот во Сеул, преку развивање на градското окружување Мапо и правејќи го центар за блокчејн инкубација.

Напорите за правење на Сеул блокчејн град, исто така, се во согласност со планот објавен од страна на Министерството за информатика на Јужна Кореја, кое изјави дека во јуни ќе инвестира 9 милиони долари во следните неколку години за да воведе блокчејн усвојување во шест главни јавни установи.

Leave a comment