Голем Kинески универзитет започнува блокчејн истражувачки центар

Еден од најселективните универзитети во Кина, Универзитетот Фудан, отвори блокчејн истражувачки центар, според соопштението објавено на 15-ти февруари.

Според соопштението, Фудан Универзитетот го основа Шангајскиот инженерски центар за истражување на блокчејн интехнологијата во соработка со Zhongan Online Property Insurance Co., Ltd и Shanghai Zhongren Information Technology Co., Ltd.

Центарот, наводно, ќе спроведе основни истражувања за блокчејн технологијата, ќе ја демонстрира нејзината примена, како и ќе обезбеди обука за таленти. Воспоставувањето на овој истражувачки центар понатаму ќе го промовира развојот и растот на блокчејн индустријата во Шангај и наводно го олесни развојот на Шангајската економија.

Другите Кинески универзитети, исто така, интегрираа блокчејн во своите програми за стипендии. Во јануари, во соработка со фирмата за блокчејн исплаќања Ripple, Институтот за fintech истражувања на Универзитетот Цинхуа во Пекинг (THUIFR) ја објави Програмата за стипендирање на истражувања на блокчејн технологијата (BRSP). Програмата, наводно, има намера да ги собере најдобрите студенти на постдипломски студии во Кина во 2019-та година за да ги проучуваат глобалните правила за блокчејн и развојот на индустријата.

Претходно овој месец, Кинескиот институт за fintech истражување на Универзитетот Цинхуа се приклучи на глобалната блокчејн истражувачка иницијатива (UBRI) на Ripple, која првично беше лансирана во јуни 2018-та година, која поддржува академски истражувања, технички развој и иновации во блокчејн, криптовалути и дигитални плаќања.

Leave a comment