Големите Руски банки значително се интересираат за “работа со крипто”, велат локалните извори

Неколку големи Руски банки изразија силен интерес да работат со блокчејн и крипто индустријата за време на состанокот зад затворени врати што се одржа во Moscow Exchange, изјавија извори за Руската новинска агенција RBC на 19-ти септември.

Неименуван извор запознаен со ова прашање, изјави за RBC дека побарувачката за криптовалути во Русија е многу висока, но банките не се во состојба да ја исполнат поради недостаток на јасно дефинирани регулативи.

Поради тоа, претставниците на Руските банки присутни на состанокот разговараа со регулаторите од Јапонија, Луксембург и Сингапур за да го приспособат своето искуство кон локалните реалности. Покрај тоа, формирана е лоби група со цел да се пристапи кон Руската влада со предлози за тоа како да се регулира крипто во земјата.

Како што дознава дописник на RBC, извршен директор од неименувана “голема” Руска банка предложи да се создаде алтернативен предлог-закон за дигитални средства, кој ќе биде “драстично различен” од актуелниот што го предложи владата.

Според извештајот на RBC, приватната тркалезна маса беше организирана од лоби група која ги вклучува најголемите Руски банки Sberbank, Alfa-Bank, VTB и други.

Лоби групата, исто така, разговараше околу регулаторните прашања со глобалните експерти, како што се претставници од Јапонската крипто берза Bitflyer, блокчејн платформата со седиште во Сингапур, NEM, и криптовалутата Litecoin. На средбата учествуваше и поранешниот министер за финансии на Луксембург, Лук Фриден, објаснувајќи како неговата земја успеала да изгради законска рамка за криптовалутите и да стане една од водечките финансиски центри.

Ова не беше првиот состанок на крипто-лоби групата што се одржа на Moscow Exchange. Првиот, исто така посветен на регулативите за дигитални средства во Русија, се одржа во јуни.

Предлог-законот “за дигитални финансиски средства”, предложен од Руското Министерство за финансии, го усвои првото од вкупно три читања во Државната Дума во мај. Сепак, група високи раководители на Русија сметаа дека е “незавршено и фрагментирано”.

Leave a comment