Големите осигурителни компании во обид да ги намалат ризиците во крипто-просторот

Големите осигурителни компании како AIG, Allianz, Chubb и XL Group се повеќе ги прилагодуваат опциите за заштита на бизнисите во крипто-просторот, објави Bloomberg на 19 јули.

Aon, главен осигурителен брокер кој тврди дека зазема 50% од пазарот за крипто-осигурување, изјави за Bloomberg дека фирмата гледа повеќе крипто-специфични заштити кои ја задоволуваат новата индустрија.

Друг брокер, Marsh & McLennan, рече дека 2018-та година е “активна” за крипто-осигурителните компании, откривајќи дека Marsh сега го формира својот прв тим посветен на брокерските политики за блокчејн стартапи.

Извори на Bloomberg велат дека премиите за претпријатијата поврзани со крипто може да изнесуваат пет пати повеќе од просечните трошоци за покривање на традиционалната корпоративна полиса за осигурување, понекогаш дури и до 5% од покриеноста на годишно ниво. На полисите може да им требаат “десетина осигуреници” да чипуваат од 5 до 15 милиони долари за осигурителна заштита по глава.

Овие високи премии се она што се смета за висок ризик, одкога се стави во фокусот уште на почетокот на оваа година неспоредливата кражба од 532 милиони долари во крипто од јапонската платформа за размена Coincheck.

Додека одбива да ја открие сумата на премии за крипто поврзани со неа, American International Group потврди дека компанијата се запознала со заштитните полиси состанувајќи се со крипто-чувари и платформи за тргување.

Кристијан Вајшубер од Allianz објави дека тој смета дека “осигурувањето за складирање на криптовалути ќе биде голема можност … дигиталните средства стануваат се порелевантни, важни и распространети … и ние ги истражуваме опциите за производи и покриеност во оваа област.” Allianz, наводно, изминатата година почна да нуди индивидуална покриеност за крипто-кражби.

Меѓу главните играчи во крипто-индустријата, Американската платформа за размена и wallet услуги Coinbase, наводно, осигуруваат средства што се чуваат во hot wallets – што претставуваат до 2% од средствата на клиентите – но не открива до каде се проширува нивната покриеност.

Имено, самата блокчејн-технологија која е основата на криптовалутите, сè повеќе се смета како иновативно решение за самата осигурителна индустрија, со неодамнешната соработка на Marsh и IBM за своето прво комерцијално блокчејн-решение за доказ за осигурување.

 

Leave a comment