Главниот директор за технологија на IBM им порача на Американските конгресмени: Да ја спремиме владата за блокчејн

IBM и членовите на блокчејн парламентарната група на Конгресот на САД разговараа за употребата на блокчејн за лични карти, исплати и синџири на набавки за време на состанокот  на 24-ти септември, според прес-повикот на кој присуствуваше Cointelegraph.

IBM неодамна објави извештај под наслов “Влијанието на блокчејн за владата: увид во идентитетот, плаќањата и синџирот на снабдување”, направен во соработка со блокчејн парламентарната група на Конгресот на САД.

Во извештајот се сумирани серија дискусии меѓу претставниците на САД Џаред Полис (автор на “The Cryptocurrency Tax Fairness Act”, кој предлага да се укинат крипто-даноците под 600 долари) и Дејвид Швајкерт, заедно со Томас Хардјоно, технички директор на Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) и Џери Куомо, потпретседател за блокчејн технологија и CTO на IBM.

IBM и MIT одржаа три средби со членовите на Конгресот, разговарајќи за потребата од владино финансирање на иницијативите за блокчејн и регулирани sandboxes, во кои државата ќе може да тестира различни решенија пред да бидат донесени на пазарот.

Како што изјави Куомо за време на прес-повикот, експертите би можеле да го проучуваат блокчејнот колку што сакаат, но на крајот мора да им биде достапен на граѓаните. Тој истакна дека е “време САД да почнат да дејствуваат” во блокчејн интеграцијата во секојдневниот живот. “Блокчејн е подготвен за влада, ајде да ја подготвиме владата за блокчејн”, додаде тој.

Полис, кој претходно предложил Колорадо да стане “национален центар за блокчејн иновации во бизнисот и владата”, изјави дека државата само што почнала да го согледува “потенцијалот на блокчејн технологијата”, што ги надминува криптовалутите и токените.

Тој ја истакна важноста да се создаде најдобрата правна рамка за иновации и имплементација на блокчејн, што би можела значително да го подобри квалитетот на животот на Американците. Полис, исто така, додаде дека блокчејн можел да помогне за “вистинскиот недостиг на доверба во централизираните институции”.

Претставникот Полис понатаму ја споменува важноста на релевантното крипто-оданочување. “Ние сакаме да се осигураме дека луѓето што користат криптовалути нема да плаќаат данок за купување кафе или весници”, изјави тој. Меѓутоа, кога подоцна беше побарано даночни отстапувања за крипто-стартапите, главниот шеф за технологија на IBM, Куомо, изјави дека тоа е “навистина големо прашање” кое се уште не се придвижило подалеку од “мали доларски износи”.

За време на повикот, Претставникот Швајерт – кој претходно побара од Службата за внатрешни приходи (IRS) да го разјасни крипто-оданочувањето – изјави дека медицинските и социјалните проекти ќе видат најмногу придобивки од блокчејн решенијата. Сепак, тој истакна дека треба да бидат разработени посебни стандарди за шифрирање за да се заштитат податоците – цел која се води од партнерската група со неколку институции, како што се MIT и Националниот институт за стандарди и технологија (NIST).

Членот на Конгресменот и член на кабинетот за блокчејн, Том Емер, објави дека ќе воведе три нацрт-закони за поддршка на развојот на блокчејн технологијата и криптовалутите, како и да воспостави безбедно тло за даночните обврзници со “нејасни” дигитални средства.

Leave a comment