Германскa школа во Франкфурт ќе издава сертификати за завршен блокчејн курс

Франкфуртската школа за финансии и менаџмент (FS) во Германија сега ќе им понуди на студентите можност да ги докажат своите квалитети користејќи блокчејн технологија, објави Cointelegraph auf Deutsch на 17-ти септември.

Како дел од тест-програмата, дипломираните студенти на еден од FS курсевите за блокчејна технологија ќе можат да го докажат своето успешно завршување на курсот со сертификат зачуван на самиот блокчејн.

За тест-проектот, FS работи со Consensys, една од водечките софтверски компании во полето на блокчејн. Consensys има развиено децентрализирана апликација (DApp) за т.н. авто-суверени идентитети, при што сертификатите не се нужно објавени на блокчејн, туку се само копирани на компјутерите на бројни учесници во мрежата.

Копиите можат да се шифрираат така што сопственикот на одреден јазол во соодветната мрежа може да одлучува за case-by-case одделно, кои сертификати тој или таа ги прави видливи за другите учесници во мрежата. Така, блокчејн всушност прави акредитивите физички преносливи за студентите.

Вероника Кут, истражувачки соработник во Центарот за блокчејн на FS и раководител на тест-проектот,  можност за дигитално презентирање сертификати ја смета за “фасцинантна”.

“Ние работиме тука пионерски … <…> Нашите студенти сметаат дека е привилегија да бидат вклучени во новата технологија во рана фаза. Тоа е нешто слично на програмирањето на првите јавни Интернет-локации во средината на ’90 -тите”.

Професорот Филип Санднер, раководител на Центарот за блокчејн на FS, додаде:

“Со блокчејн можете да складирате лични податоци, како CV или лична карта, како во албум. Со нашиот проект покажуваме колку може да биде лесно и удобно за корисникот.”

Ова ја прави FS првата образовна институција во Германија која им нуди на своите студенти сертификати засновани на блокчејн. Новата технологија исто така се користи во Швајцарија на Универзитетот во Базел. На крајот на април, Центарот за иновативни финансии (CIF) воведе сертификати за курсеви регистрирани во Ethereum блокчејн.

Leave a comment