Германскиот министер за финансии се сомнева дека крипто може да ги замени традиционалните валути

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, се сомнева дека во овој момент криптовалутите може да ги заменат традиционалните fiat валути, објави вчера, 18-ти септември, Cointelegraph auf Deutsch.

“Денес се сомневам, дали воошто имаат перспектива како модел на валути”, изјави Шолц на “граѓански дијалог” во German-Dutch Army Corps во Мунстер. Шолц ги спореди криптовалутите со tulip fever bubble-от во Холандија во 17-ти век, велејќи: “И опасноста е голема што ќе има таква инфлација од лалиња”.

Шолц изјави дека неопходните компјутерски процеси за масовно спроведување на криптовалутите се толку скапи и енергетски интензивни што не може да успее сето ова, но дека не сака да зборува за иднината за “20 до 30 години” од сега.

Според Шолц, криптовалутите, исто така, треба внимателно да се набљудуваат од страна на регулаторите, бидејќи тие би можеле да се користат за финансирање на тероризам, перење пари или други криминални активности. Тој додаде дека “… ние не веруваме дека тие веќе имаат економски значајна важност денес.”

Европските законодавци се сретнаа во неколку наврати во изминатите неколку недели, со цел да разговараат за нивната загриженост во врска со криптовалутите и потенцијалните решенија за проблемите поврзани со дигиталните средства.

На 4-ти септември, членовите на Европскиот парламент се состанаа на разговори околу прописите за ICOs, кои, иако се “многу интересни и перспективни средства” за зголемување на капиталот, бараат поголем регулаторен надзор во очите на многу европски законодавци.

На неодамнешниот состанок на Советот за економски и финансиски прашања во Виена, потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, тврдеше дека за крипто треба понатамошно додатно регулирање. Забележувајќи дека крипто е “тука да остане”, Домбровскис истакна дека Европската унија (EU) ќе се фокусира на развојот на класификацијата на крипто-средствата и регулаторното мапирање.

Пред претходно споменатиот состанок, извештајот на Белгискиот think tank Брегел ги повика европските регулатори да усвојат унифицирани прописи за криптовалутите на ниво на ЕУ. Во извештајот се забележува дека иако прописите се оставени на националните ентитети, постои можност за “регулаторна арбитража” за крипто-бизнисите.

Leave a comment