Германската централна банка: Крипто не претставуваат закана за финансиската стабилност

Претставникот на Централната банка на Германија, Буркхард Балц, изјави дека криптовалутите не претставуваат закана за финансиската стабилност. Коментарите на Балц беа тема на разговор и во Европскиот парламент, како што беше објавено и во пост на веб-страницата на институцијата на 9-ти јули.

Буркхард Балц, член на Извршниот одбор на Deutsche Bundesbank, изјави дека “крипто-токените во моментов не претставуваат ризик за монетарна или финансиска стабилност”. Понатаму, тој исто така истакна дека “може да се појават дупки ако тие се надвор од доменот на авторитет на регулаторите или каде што има отсуство на меѓународни стандарди.”

Оваа идеја е во согласност со тврдењата на Шпанските полициски претставници, кои посочија дека има дупки во регулативите на Европската унија за спречување на перење пари кои се однесуваат на Биткоин банкоматите. Балц, исто така, предупреди во својот говор дека секое зголемување на популарноста на крипто-средствата бара набљудување. Сепак, тој исто така изрази големи надежи за дигитална трансформација, овозможена од вештачката интелигенција, дистрибуираната ledger технологија и cloud услугите, велејќи:

“Ние не зборуваме за “еволуција” или за банкарското приспособување кон потребите и желбите на дигиталната генерација – зборуваме за вистинско “пореметување” кое може да го промени финансискиот сектор засекогаш”.

Минатата недела, член на Извршниот одбор на Европската централна банка, Бено Коуре, изјави дека финансиските регулатори мора да дејствуваат брзо за да се подготват за stablecoin-от на Facebook.

Leave a comment