Германската влада ќе воведе блокчејн стратегија во средината на 2019-та година

Главниот извршен орган на Германската влада, Кабинетот на Германија, откри дека блокчејн стратегијата на земјата ќе се воведе до средината на 2019-та година. Кабинетот коментираше за развојот на fintech во земјата на 26-ти февруари, по барање за информации од парламентарците во Бундестагот.

Во документот се забележува дека fintech sandboxes моментално се присутни во пет земји-членки на Европската унија: Данска, Литванија, Холандија, Полска и Велика Британија.

Кабинетот наведува дека тие ќе подлежат на онлајн консултативен процес пред да ја воведат блокчејн стратегијата. Кабинетот, Министерството за финансии и Министерството за економски прашања и енергија ја подготвуваат стратегијата, со очекување дека и други релевантни министерства ќе придонесат подоцна.

Претходно овој месец, Reuters објави дека Германската влада веќе се консултира со компании и индустриски групи кои би можеле да станат засегнати страни во развојот на блокчејн во земјата. Според извештајот, неименувани организации се поканети да дадат препораки.

Извештајот, исто така, цитира неодредени владини извори велејќи дека не е јасно дали овие препораки ќе се претворат во регулатива во блиска иднина, но во моментов се бараат конкретни резултати.

На крајот на јануари, втората по големина берза во Германија, Boerse Stuttgart Group, официјално ја лансираше својата апликација за крипто-тргување наречена Bison, која овозможува бесплатно тргување со Биткоин (BTC), Еthereum (ЕТH), Litecoin (LTC) и Ripple ( XRP).

Во јануари, големиот глобален пазар на хартии од вредност Deutsche Boerse соопшти дека “постигнува значителен напредок” на својата блокчејн платформа за кредитирање на хартии од вредност.

Leave a comment