Германската влада се консултира со индустријата за блокчејн технологијата

Германската влада се консултира со консултантски компании и индустриски групи кои би можеле да станат засегнати страни во развојот на блокчејн во земјата, објави Reuters на 18-ти февруари.

Неименуваните компании и групи, наводно, биле поканети да дадат препораки од оваа недела па натаму. Reuters, исто така, цитира неодредени владини извори велејќи дека се уште не е јасно дали тие препораки ќе се претворат во регулатива во блиска иднина, но во моментов се бараат конкретни резултати.

Според статијата, околу 170 стартапи во Берлин работат со блокчејн или дистрибуирана ledger  технологија (DLT), а стартапите во оваа сфера “изјавија дека без правна рамка постојат високи пречки за усвојување”.

Важен глобален пазар на хартии од вредност во Германија, Deutsche Börse, изјавија дека “постигнуваат значителен напредок” на платформата за кредитирање на хартии од вредност базирана на блокчејн. Платформата се развива во партнерство со платформа за управување со ликвидност на блокчејн со седиште во Луксембург, наречена HQLAx.

Во декември минатата година, беа објавени новости за здружувањето на Германското железничко претпријатие Deutsche Bahn AG, кое се смета за најголемо во Европа, со блокчејната платформа за интеграција Unibright, за испитување на можноста за токенизирање на својот екосистем.

Исто така во декември 2018-та година, беше објавено дека втората по големина банка во Германија, SolarisBank и Stuttgart Exchange Group, заеднички развиваат инфраструктура за крипто берза.

Leave a comment