Германската влада вели дека блокчeјн “може да го поддржи единството на Европа на фундаментално ниво”

Германскиот Федерален завод за миграции и бегалци (BAFM) откри дека блокчејнот има долгорочен потенцијал за подобрување на процедурите за азил. По успешно завршениот proof-of-concept (PoC), наодите биле објавени на во бела книга на 26-ти март.

Документот е едитиран од BAFM и е дело на Проектната група за бизнис и информациски инженерски системи на Фраунхофер Институтот за применета информатичка технологија, на кратко FIT.

PoC – преземени од BAFM, Fraunhofer FIT и неименуван технолошки партнер во првата половина од 2018-та година – се фокусираа на проценката на потенцијалот на блокчејн за поддршка на два клучни аспекти на процедурите за азил: создавање сигурен и безбеден дигитален идентитет и подобрување на комуникацијата и соработката меѓу властите на општинско, државно и национално ниво.

За PoC, трите партнери користеа приватна и верзија за која треба дозвола на блокчејнот добиен од Eтереум, користејќи proof-of-authority консензусен алгоритам.

Белата книга наведува дека блокчејнот може да овозможи создавање на дигитални идентитети отпорни на промени за бегалци кои пристигнуваат без лични документи, врз основа на биометриски податоци собрани во моментот на нивната првична регистрација во земјата примател. Овој непроменлив идентитет базиран на блокчејн, потоа, ќе ги поддржи понатамошните аспекти на постапката за азил и ќе обезбеди доследна и сигурна идентификација на секој барател на азил низ повеќе организации.

Авторите на белата книга предлагаат дека издржливо решение за идентитет базирано на блокчејн би можело да има долгорочни позитивни пан-европски импликации, истакнувајќи дека:

“Блокчејн може да биде ‘дигиталниот овозможувач’ на европскиот федерализам во контекст на азил. […] Европската платформа за децентрализирано управување со процедурите за азил […] ќе овозможи транспарентно складирање на првичната регистрација на лицето. […] Дигиталните идентитети се сметаат за национално агностички и на тој начин би можеле да го поддржат единството на Европа на фундаментално ниво.”

Белата книга забележува дека законите за заштита на личните податоци претставуваат клучен предизвик за блокчејн иновациите во рамките на Европскиот контекст – се осврнува на Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR), значајна ЕУ правна рамка за приватноста на персоналните податоци, која стапи на сила во мај 2018-та година .

Анализа на Cointelegraph објавена есента 2018-та година ги проучила потенцијалните бенефиции кои блокчејн може да ги донесе во загрижувачките имиграциски системи низ целиот свет.

Leave a comment