Втората најголема берза во Германија ќе лансира ICO платформа

Втората по големина берза во Германија, Stuttgart Börse, објави планови за развој на нова платформа за ICO, како и за колективен крипто-трговски објект, објави Finextra на 2-ри август.

Германската берза, која имаше обем на тргување од 81 милијарда евра (околу 95 милијарди долари) во сите класи на средства во 2017-та година, веќе во мај го претстави прототипот за својата апликација за крипто-тргување наменета за јавноста, наречена “Bison” која ќе биде објавена во септември.

Сега берзата го насочува својот поглед кон основните и секундарните пазари преку развивање на ICO платформа и колективно регулирано место за крипто-тргување.

Примарната ICO платформа ќе го олесни издавањето на дигитални токени, корпоративното  и застапеноста на правата и имотот, при што берзата има за цел да ги зголеми нивните шанси за успех со тоа што ќе ги продаваат на секундарниот пазар.

Според Finextra, Александер Хоптнер, извршен директор на Börse Stuttgart, изјави дека потегот за развивање на платформа за крипто-тргување е одговор на “побарувачката и од малопродажните и институционалните инвеститори за регулирано и сигурно опкружување за тргување со криптовалути”, истакнувајќи:

“На трговските места токените издадени преку нашата ICO платформа може да бидат тргувани на секундарниот пазар. Ова е важен фактор за успех за ICOs”.

Хоптнер додаде дека берзата има за цел да обезбеди “централни услуги по должината на синџирот на вредност за дигитални средства, сите под еден покрив” и затоа развива целосна услужна инфраструктура која ќе вклучува безбедносни решенија за старателство за новите дигитални средства и воспоставени криптовалути, како што се биткоин (BTC) и Еthereum (ETH).

“Bison” е развиен од страна на локалниот стартап за анализирање на податоци Sowa Labs, со кој берзата се стекнува уште во декември 2017-та година како дел од патоказот за исполнување на амбициозната “дигитална стратегија”.

Надвор од криптовалутите, меѓународните берзи бараат интеграција на основната технологија на блокчејн за зголемување на ефикасноста и безбедноста на нивните операции.

Cointelegraph неодамна извести за детална анализа за глобалната имплементација на блокчејнот во трансакции со акции што досега биле преземени од страна на Службата за финансиски надзор на Јужна Кореја (FSS). Врз основа на своите наоди, FSS ги повика локалните регулаторни агенции и компании да работат на развивање на интегриран блокчејн систем за иновирање на домашните берзи.

 

Leave a comment