Вредноста на биткоин на вкупниот пазар го достигна највисокото ниво од декември

Доминантноста на биткоин (BTC) од пазарната капитализација на вкупниот пазар на крипто го постигна највисокото ниво во 2018-та година на 23-ти јули, што за прв пат изнесуваше 46%.

Според податоците од CoinMarketCap, доминацијата на биткоин – дефинирана како процент од вкупната пазарна покриеност на сите криптовалути, што е пазарна каматна стапка на биткоин, моментално изнесува 46,5%, на ова ниво последен пат виден на 22-ри декември 2017-ти година. Во тоа време биткоин тргуваше на највисокото ниво до сега околу 20.000 долари по монета.

Проценти на тоталната пазарна доминација од CoinMarketCap

Овој потег доаѓа како што чувството и мислењето околу биткоин особено продолжува да се подобрува откако BTC /USD скокна за повеќе од 15% во текот на последните пет дена.

Во исто време, останатите средства се бореа за да постигнат слични придобивки, објавувајќи загуби од биткоин.

И покрај тоа што пазарот стана сомнителен показател за тестирање на основната вредност на биткоин, рекордот од 2018-та година не го избегна вниманието на медиумите, додека разни големи играчи во индустријата, исто така, изразија ентузијазам за изведбата на биткоин во понеделникот.

Пазарните аналитичари продолжија да бидат помалку позитивни, сепак, со крипто-коментатор WhalePanda продолжувајќи со изјавите дека доминацијата претставува значајна статистика на крипто-пазарите.

“Престанете да ја користите доминантноста на биткоин како индикатор”, objavi тој на Твитер на 20-ти јули. “Откако луѓето започнаа со premines/ токени и (BTC) опаѓањата станаа ирелевантни”.

Од прес-време, BTC / USD тргуваше со 7.734 долари според ценовниот индекс на Cointelegraph, 3% во текот на денот и завршувајќи со неделни добивки од само 16%.

Leave a comment