Војна за контрола врз парите: Како можат владите да одговорат на крипто?

Владите никогаш не биле големи љубители на крипто. Секако, чудните министер за финансии и претседател ја пофалија блокчејн технологијата или дури и самите криптовалути во ретка пригода, но генерално, сите се сомневаа , па дури беа и непријателски настроени.

И сега, со влегувањето на Facebook во индустријата со својата Libra, ова едвај прикриено спротивставување кон криптовалутите целосно се манифестираше, на различни начини. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во јули отворено ги критикуваше Биткоин и Libra, додека голем број влади веќе започнаа да флертуваат со идеите за забрани на крипто и дигитални валути на централните банки.

Овие два потенцијални одговори се сфаќаат како средство за неутрализирање на заканата од децентрализирана или приватна валута, како што е Libra, за владините монополи над пари. Но, како што известуваат бројни крипто експерти, голема е веројатноста дека само „подобрувањето на девизната-валута“ нема да биде доволно за да се намали оваа закана, со оглед дека главната придобивка на крипто е нејзината одделеност од влади, централни банки и други централизирани институции.

Стравот и бескорисноста од крипто забраните

Владите сакаат да забрануваат работи. Биткоин и криптовалутите не се исклучок, што е потврдено од нивната целосна или делумна забрана во следниве земји: Македонија, Авганистан, Пакистан, Алжир, Боливија, Бангладеш, Саудиска Арабија, Вануату и Виетнам (сите целосни забрани); Кина, Индија, Еквадор, Индонезија, Мароко, Замбија, Непал, Египет, Американска Самоа и Катар (сите делумни забрани или ограничувања).

Како и да е, последните неколку години јасно е дека забраната за криптовалути не е вистински одржлив начин за намалување на заканата што тие ја претставуваат на владиниот монопол над парите.

„Некои влади се обидоа да ги забранат криптовалутите, но ова не ги спречи луѓето да ги користат и индустријата да се шири“, изјави Икбал В. Гандам, извршниот директор на eToro UK.

„Ако луѓето сакаат да ги користат овие токени, има малку влади кои можат да сторат нешто за да би го запреле ова. Би било исто како обид да се забрани Интернетот“.

Оваа „незапирливост“ е голем дел од причината зошто владите се плашат од крипто. И сега, појавувањето на stablecoin-от Libra на Facebook, го покрена предизвикот приватната валута да стане вистински ривал на националните девизни-валути, како што објаснува Глен Гудман, авторот на „Crypto Trader“.

„Libra на Facebook е првата криптовалута што навистина ги плаши големите влади, иако таа се уште не постои“, вели тој. “Доналд Трамп го сумираше тоа во еден твит, кога ги критикуваше Биткоин и Libra, велејќи дека доларот ‘СЕКОГАШ” ќе биде доминантна валута во светот. Тој знае дека САД се здобијат со големи економски придобивки од таа позиција и без сомнение дека ќе стори се за да го заштити“.

Дигитализирање на девизите

Значи, владите се плашат од криптовалути и не можат целосно да ги забранат (барем не во случај на децентрализирани монети). Па, што можат да сторат?

Па, тие можат да се обидат да создадат свои дигитални валути на централна банка (CBDC) и / или дигитализирање на постојните девизни валути.

„Владите ќе се обидат да го централизираат крипто“, предвидува крипто-советникот Сиднеј Иферган, „и во исто време, да го искористат во своја полза“.

Ова веќе се случи во неславниот случај на Венецуелското Petro, додека Кина, Шведска, Украина и Уругвај истражуваа или планираат свои CBDC. Слични потези се шпекулираа за Иран и Русија, наводно со цел да се избегнат американските санкции.

Но, дали е подобро?

Прашањето е, дури и ако најголемите нации започнат со свои централизирани криптовалути или нови дигитални системи за плаќање, дали супериорните перформанси ќе бидат доволни за да ја неутрализираат заканата од крипто врз националниот монетарен суверенитет?

Па, за почеток, не е ни јасно дека CBDC поддржан од централна банка или систем за плаќање ќе биде технички супериорен во однос на големите криптовалути. И, како што објаснува крипто авторот Марк Џефри, развојот на вакви проекти ќе биде забавен од централизираната, несакана природа на организациите што ги водат.

„Ова е како да гледате такси-индустријата како се обидува да му одговори на Uber: обидите се некаде помеѓу комично и тажно. Федералните резерви никогаш не биле принудени да се модернизираат и да се натпреваруваат: тие апсолутно немаат идеја како да го сторат тоа“.

Погубно, постои и нивниот недостаток на децентрализација, што претставува главната точка на продажба на вистински криптовалути.

„Крипто средствата како Биткоин не се околу дигитализација на парите“, вели Икбал Гандам. „Целата причина за создавање на Биткоин беше неговата можност да ги заобиколи финансиските институции како банките, и издавачките власти, како владите, во обид да се создаде валута која беше безгранична и децентрализирана“.

Поради оваа причина, крипто има предност против CBDC или девизните системите за плаќање во реално време. Да, тие потенцијално може да бидат побрзи од многу криптовалути, но релативниот недостаток на брзина не го спречи Биткоин да стекне популарност во текот на последните години, на пример и покрај фактот дека мрежата на Visa беше и сè уште е побрза од неговиот блокчејн.

Доколку општеството почне да ја вреднува монетарната слобода повеќе од брзината (што навистина е решлив технички проблем) и нестабилноста на цените да се намалува како што ќе созрева пазарот, традиционалниот систем на девизни пари може да се соочи со сериозни проблеми во врска со неговата иднина.

Leave a comment