Ворен Бафет: Биткоин е заблуда што привлекува шарлатани

Генералниот директор на Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, го дефинира Биткоин (BTC) како заблуда и изјави дека привлекува шарлатани, според едно интервју со CNBC објавено на 25-ти февруари.

Бафет, познат биткоин критичар, претходно изјави дека купувањето на Биткоин како инвестиција е коцка, и дека никој не знае точно што е најголемата криптовалута.

На прашањето дали се премислил во врска со Биткоин во интервјуто на CNBC, Бафет одговорил дека тој не го сторил тоа и изјави “Биткоин во суштина е една заблуда”. За време на разговорот, тој исто така истакна дека Биткоин воопшто нема единствена вредност, бидејќи “блокчејн не зависи од Биткоин” и не произведува ништо.

Бафет понатаму објаснува:

“Можете да зјапате во него цел ден, и нема да излезат мали биткоини од него или нешто слично. Тоа е во основа, заблуда.”

Сепак, Бафет додаде: “кој знае каде ќе биде следната година”, проследено со коментари за неговата емпатија кон луѓето кои мислеа дека инвестирањето во Биткоин ќе ги промени нивните животи.

Како што беше објавено во мај минатата година, Бафет, исто така, на годишниот состанок на неговата компанија, Berkshire Hathaway, изјави дека криптовалутите ги чека лош крај, тврдејќи дека Биткоин е “веројатно отров зза глувци на квадрат”.

Потпретседателот на Berkshire Hathaway, Чарли Мунгер, исто така го искажа своето мислење за Биткоин, коментирајќи ја критиката на Бафет и негативниот став за крипто пазарот:

“Некој друг тргува со глупости и вие решавате дека не можете да не учествувате во тоа”.

Во октомври 2018-та година, Berkshire Hathaway инвестираше околу 600 милиони долари во две fintech фирми за исплата на фокусирани на пазарите во развој.

Минатата година, самопрогласениот ученик на Бафет и Мунгер, Чамат Палихапитија, истакна дека верува дека двајцата скептици не се во право за водечката криптовалута, велејќи дека “технологијата не е во кругот на компетенции на Бафет”.

Leave a comment