Водич за специјални економски крипто зони, од Кина до Швајцарија

Минатата недела Руските официјални претставници објавија планови за изградба на голем финансиски центар на еден остров на Далечниот Исток, кој, меѓу другото, ќе се фокусира и на криптовалутите.

Имено, создавањето на специјални економски зони за крипто беше трајна идеја и во Русија – слични предлози биле претходно направени во врска со Крим, територија што се наоѓа моментално под Русија – и остатокот од светот. Еве листа на земји што воспоставуваат специјални центри за криптовалути и блокчејн во нивната земја.

Болшој Усуријски офшор крипто зона и слични концепти во Русија

Веста дека офшор дестинација за криптовалути може да се појави на островот Болшој Усуријски беше објавена на Санкт Петербургскиот меѓународен економски форум, годишниот Руски бизнис настан за економскиот сектор.

Концептот го споменал Леонид Петухов, раководител на Агенцијата за инвестиции и извоз на Далечниот Исток, за време на интервју. Според Петухов, островот може да стане офшор дестинација за криптовалути, крипто-берзите и девизните пазари. Тој изјави за ТАСС, Руски медиум:

“Сакаме да направиме голем финансиски центар таму. Метафорично кажано, тоа би ги вклучило криптовалутите, крипто берзите, платформите за трговија со дрва – значи во смисла како домашен офшор. Слично на она што го направивме во Калининград.”

Петухов, најверојатно, зборувал за островот Октјабрски во регионот Калининград, кој заедно со островот Руски во Владивосток, наводно, станале офшор економски зони во јули 2018-та година. Странските компании што се регистрираат во овие кластери се одлободуваат од одредени давачки – на пример, тие не треба да плаќаат даноци за профитот добиен по пат на дивиденда. Сепак, ниту една од овие зони во моментов не вклучува никаква корист за криптовалути.

Болшој Усуријски е осамен остров при сливот на реките Усури и Амур, и лежи токму на границата меѓу Русија и Кина. Таа била долго време спорна територија повеќе од еден век, но во 2004-та година островот бил официјално поделен меѓу Русија и Кина, а половина од Болшој Усуријски (170 квадратни километри) биле дадени на Кинеската држава.

Според Meduza, онлајн-весник со седиште во Летонија, Рускиот дел од Болшој Усуријски во последниве години е претежно напуштен, особено по поплавата во 2013-та година, и нема многу елементи од основната инфраструктура како асфалтирани патишта. Понатаму, во извештајот се споменува дека имало “најмалку десетина различни предлози за развој на Руската страна на островот Болшој Усуријски”, презентирани во средината на 2000-тите, од кои ниту еден не е имплементиран.

Во меѓувреме, прифаќањето на крипто и блокчејн во Русија значително има поделени мислења.

Официјалните претставници се обидуваат да издвојат специфична рамка за криптовалути во изминатите неколку години, иако претседателот Владимир Путин претходно објави краен рок за јули 2018-та година. На почетокот на јуни 2019-та година, парламентот на земјата соопшти дека размислува да наметне парични казни за крипто-фармањето на крајот од месецот, додека најголемата банка во Русија, Sberbank, официјално објави дека го напушта својот план за развој на услуги поврзани со крипто.

Идејата презентирана за островот Болшој Усуријски, сепак, не е нова за Русија. Минатата година, властите на Кримскиот полуостров, територија што што се наоѓа под Руска власт, се залагаа за создавање блокчејн кластер во форма на крипто инвестициски фонд, со цел да привлечат повеќе технолошки бизниси во областа.

Кластерот ќе биде лоциран во рамките на специјалните економски зони (SEZ) на Крим и неговиот најголем град Севастопол, според локален претставник, кој го нагласи концептот во ноември 2018-ta година. Оттогаш немаше јавни апдејти во врска со кластерот.

Швајцарија

Цуг, мал Швајцарски град со 30.000 жители, е дом на еден од најстарите и добро познати центри за крипто и блокчејн компании и најчесто се нарекува “Крипто долина”. Иако не постои официјална потврда за ова, терминот наводно бил наметнат од страна на ко-основачот на Етереум Михаи Алиси, кој работел на проектот со остатокот од тимот на Eтереум.

Патот на Цуг во станувањето крипто долина започна уште во 2016-та година, кога општината им дозволи на жителите да ги платат данците во биткоин. “Со Биткоин, испраќаме порака: Ние во Цуг сакаме да бидеме во чекор со идните технологии”, во тоа време изјави локалниот градоначалник Долфи Мулер за Германскиот весник DW.

За разлика од другите места споменати на оваа листа, потегот беше само симболичен – наплаќањата беа дури и ограничени на еквивалент од 200 швајцарски франци (201 американски долари) – и не предложија создавање посебна економска зона, per se. Сепак, го привлекоа вниманието на различните fintech компании, кои избраа да ги преместат своите седишта во Цуг и соседниот Баар. Исто така, се верува дека ефективната даночна политика е главен фактор.

Во декември 2018-та година, Цуг беше рангиран како најбрзорастечката технолошка заедница во Европа, врз основа на споредба на годишен раст на учесниците на технолошките настани што се одвиваат во европските градови. Според студијата IFZ Fintech 2018, повеќе од половина од новите fintech центри со седиште во Швајцарија во 2017-та година функционираа во блокчејн и крипто просторот. Поголемиот дел од овие компании, наводно, биле основани во Цуг.

Општиот став кон блокчејн од локалните власти изгледа позитивен. Во март 2019-та година, Швајцарскиот сојузен совет започнал консултативен период за адаптација на федералниот закон за развој на блокчејните, кој требаше да заврши во јуни. Целта на консултациите беше да се подобри правната сигурност во однос на блокчејн намените, со цел да се изгради основа за регулаторна рамка за оваа индустрија во Швајцарија, особено во финансискиот сектор.

Неколку дена по започнувањето на консултативниот период, претседателот на Швајцарската конфедерација, Уели Маурер, истакна дека воспоставувањето на регулатива за блокчејниот сектор треба да биде брза и јасна. Симболично, Маурер ги даде своите забелешки на Самитот во Крипто Долината во Цуг.

Филипини

Филипините се чини дека се во предност во трката за крипто-центар во Азија, со претставувањето на најдеталниот план во регионот досега.

Во 2018-та година, специјалната економска зона на Кагајан, државна корпорација одговорна за развојот на Кагајанската специјална економска зона и Freeport (CSEZFP) од 54.000 хектари, која се наоѓа во северниот дел на Филипините, објави дека ќе формира fintech центар со цел создавање на азиска “Силиконска долина”.

Центарот, исто така познат како Crypto Valley of Asia (CVA) ќе биде развиен од страна на Кагајската економска зона (CEZA) во соработка со приватниот сопственик на недвижнини Northern Star Gaming & Resorts Inc. Крајната цел за CVA е да ја стимулира локалната економија и да им овозможи на повеќе Филипинци да се занимаваат со кариера во оваа технологија.

Азискиот медиум на англиски јазик Nikkei Review ја опишува CVA како “блокчејн центар од 100 милиони долари кој има за цел да го имитира Цуг во Швајцарија”. Според медиумот, Кагајската економска зона веќе има обезбедено учество од најмалку 25 технолошки компании, додека центарот ќе вклучува интернет-центар за податоци, самоодржлива инфраструктура за производство на електрична енергија и објект за обука “блокчејн академија”.

Што се однесува до остатокот од земјата, се чини дека владата внимава на криптовалутите. Во февруари оваа година, Филипините воведоа нов сет на правила кои регулираат издавање и стекнување на кориснички и security токени.

Грузија

Во 2014-та година, владата на Грузија, постсоветската република која се наоѓа во регионот на Кавказ, понуди преференцијален третман кон Bitfury, главен крипто извор кој моментално е со седиште во Холандија. Конкретно, според извештајот на The New York Times, Грузиската влада продаде 45 хектари за само 1 американски долар на Bitfury, за да може компанијата да воспостави свој бизнис. Покрај тоа, инвестициски фонд кој му припаѓа на поранешниот премиер, исто така, му одобри на стартапот заем од 10 милиони долари.

Откако Bitfury постави продавница, Грузија создаде “слободни економски зони” во кои фармачките активности и електричната енергија не се оданочуваат. Како резултат на тоа, земјата има најбрзо растечка потрошувачка на електрична енергија по глава на жител во цела Источна Европа и Централна Азија од 2009-та година, со 10-15% од електричната енергија посветена конкретно на крипто фармањето, според извештајот на Светската банка.

Bitfury изгради два објекта во слободната економска зона во Грузија: центар за податоци од 20 мегавати во Гори и фармачки објект од 40 мегавати во Тбилиси. Вториот, наводно, имал дневен приход од 250.000 до 400.000 долари од мај 2018-та година. Во одреден момент, фармата, наводно, била продадена на Кинеските сопственици на Bitfury, но во рок од неколку месеци, повторно ја откупиле.

Во моментов не постои специфична рамка за криптовалутите во Грузија.

Сепак, владата се потпира на еден општ блокчејн-френдли регулациски став. Во 2017-та година, Грузија стана првата нација која ја имплементираше дистрибуираната технологија за безбедност и потврдување на државните записи.

Кина

Во април 2017-та година, Кинескиот претседател Кси Џинпинг ги објави плановите за изградба на Ксионган како посебна економска зона. Имено, блокчејн беше претставен како еден од камен-темели во планот – тој ќе се користи во јавните служби, владините работи и бизнисите, како што објавија официјалните претставници.

Сепак, биткоин и другите криптовалути недостасуваат од планот. Тоа се објаснува со генералниот тренд на Кинеската влада, која во изминатите неколку години се бори против дигиталните ресурси, но го олеснува и поттикнува растот на нивната основна технологија.

South China Morning Post објави дека урбанистичкиот проект ќе “пренасочи” околу 6,7 милиони луѓе и би можел да донесе 2,4 милијарди јуани (348 милијарди долари) во текот на следната деценија.

Белорусија

Белорусија отиде подалеку од која било друга постсоветска република и постави сопствена полноправна верзија на Силиконската долина во обид да стане “технолошка земја”.

Така, како резултат на потпишувањето на Уредбата за развој на дигиталната економија, владата на Белорусија ефикасно ги легализираше бизнисите кои се занимаваат со блокчејн или било која друга активност поврзана со криптовалути и ги премести во посебен економски центар наречен High Tech Park (HTP) .

Поконкретно, според декретот, фармањето и сличните операции не се третираат како “деловни активности” во Белорусија и не подлежат на оданочување. Според клаузулата 2.2 од декретот, 21 декември 2017, бр. 8:

“Физичките лица имаат право да поседуваат токени и, имајќи ги предвид специфичните карактеристики утврдени со оваа уредба, да ги извршуваат следниве операции: фармање, складирање на токени во виртуелни паричници, размена на токени за други токени, нивно стекнување, разменување за белоруски рубљи, странска валута, електронски пари, како и да донираат и поклонуваат токени “.

Покрај тоа, декларацијата за приход од крипто операции беше прогласена како опција до 1-ви јануари 2023-та година.

Сепак, Белорускиот експеримент се покажа како многу слаб, барем во неговиот почеток. Почнувајќи од март 2018-та година, неколку месеци во новиот декрет, “практично никој на територијата на Република Белорусија сè уште не е ангажиран во размена на криптовалути или креирање на т.н. ICO”, според она што изјави член Советодавниот совет на Белоруската блокчејн асоцијација во тоа време, што укажува на тоа дека HTP не е во голема побарувачка.

Покрај тоа, се уште не е јасно како Белорусија ќе се справи со овластување на ICO и ревизија на крипто билансите, меѓу другото.

Leave a comment