Водечката аукциска куќа Christie ќе ги пренесува уметничките продажби на блокчејн

Christie од Лондон, една од најстарите и најпознатите уметнички аукциски куќи во светот, се свртува кон блокчејн технологијата за безбедно складирање на продажни податоци и податоци за потекло.

Фирмата, која има историја уште од 1766-та година, објави во соопштението за печатот во четвртокот дека соработува со дигиталниот уметнички регистар Artory, со блокчејн, за тест шифрирање на аукциските трансакции.

Тест-програмата ќе ја регистрира претстојната есенска продажба на Christie на уметнички дела од колекцијата Barney A. Ebsworth, колекција од модерна американска уметност од 20-ти век, која се проценува дека ќе донесе вкупно 300 милиони долари.

Блокчејн платформата Artory ќе ги складира податоците од секоја продажба, вклучувајќи го и насловот, описот, крајната цена и датумот на предметот. Стартапот исто така ќе обезбеди дигитален сертификат за трансакцијата.

Christie ќе му издаде на секој купувач картичка за регистрација за пристап до шифрираните информации за нивните купени дела.

Ричард Eнтруп, главен службеник за информации во Christie изјави:

“Нашата тест соработка со Artory е прва меѓу главните светски аукциски куќи и го одразува зголемениот интерес во нашата индустрија за испитување на придобивките од обезбеден дигитален регистар преку блокчејн технологијата.”

Artory во свој блог пост објави дека блокчејн регистарот нуди “сигурен дигитален мониторинг на трансакции, со цел да обезбеди поголема доверба во тековното потекло на уметничкото дело и поголема ефикасност во неговата евентуална препродажба”.

Christie нуди околу 350 аукции годишно и се справуваше со продажби од вкупна вредност од 4 милијарди долари во првата половина од 2018-та година, според објавувањето.

Блокчејн технологијата добива моментум низ уметничката индустрија. Минатиот месец, сликата на Енди Ворхол наречена “14 Мали електрични столчиња” (1980), беше токенизирана и продадена на блокчејн со користење на ethereum smart contract.

Leave a comment