Водачите на земјите од Г-20 повикуваат на меѓународно оданочување на криптовалути

Земјите од Г-20 повикаа на оданочување на криптовалути, како и на нивната регулатива за борба против перењето пари, извести новинскиот медиум, Jiji.com, на 2-ри декември.

Според Jiji.com, конечниот текст на документот, заеднички изнесен од лидерите на Г-20, повикува на “систем на оданочување за прекугранични услуги за електронско плаќање”.

Во написот потоа се наведува дека според постојните закони, локалните власти не можат да ги оданочат странските компании кои немаат “фабрика или друга база во Јапонија”. Во публикацијата потоа се наведува дека лидерите на Г-20 се обидуваат да “изградат систем за оданочување за прекуграничните електронски услуги”.

Земјите-членки, кои се собраа овој викенд во Буенос Аирес, Аргентина, наводно, работат на системот и “ќе го разгледаат прашањето во текот на 2019-та година, кога Јапонија ќе биде претседател на самитот”. Конечната верзија на регулативите, по разгледувањето на предлозите од секоја земја-членка, наводно, се очекува да биде воспоставена до 2020-та година.

Како што објави Cointelegraph во октомври, извршниот директор на компанијата зад крипто инвестициската апликација Circle повика на “нормализација на нивото на Г-20” на крипто индустријата.

Во јули, францускиот министер за финансии Бруно Ле Маир, исто така, ја повика Г-20 да одржи јавна дебата за криптовалути на самитот овој викенд.

Ле Маир изјави дека лидерите “ќе разговараат заедно за прашањето околу Биткоин (BTC)”, бидејќи “очигледно има ризик од шпекулации”. Тој потоа заклучи дека Франција треба да “го испита ова со другите членки на Г-20″ за да види како ” можеме да го регулираме Биткоин”.

Leave a comment