Владата на Јужна Кореја ќе спонзорира блокчеjн хакатон за кревање на јавната свест

Јужна Кореја го продолжува својот обид да ги промовира и прошири употребите за блокчејн, објавувајќи хакатон кој би донел нови идеи од јавноста, беше објавено во понеделникот, 27-ми август.

Замислата на Корејската агенција за интернет и безбедност (КISA) и Корејската агенција за промоција на IT индустријата (КIPA), настанот сега почна да прифаќа апликации и ќе се одржи кон крајот на ноември, како дел од промотивната недела “Недела за промоција на блокчејн”.

Исто така, поддршката за оваа шема е Корејското Министерство за наука и ICT , кое започна со сеопфатна програма за подигање на свеста за блокчејн која се протега се до 2019-та година.

Според локалниот весник Money Today, хакатонот ќе се фокусира на “решавање на социјалните проблеми и иновирање на јавни и приватни услуги преку блокчејн технологијата и развој на дистрибуирани апликации (DApps) […] за подобрување на ефикасноста на јавниот и приватниот сектор, обезбедувајќи придобивки на национално ниво.”

Победничкиот тим ќе добие награда во вредност од 100 милиони вонови (околу 90.000 долари), а апликациите ќе бидат отворени до 28-ми септември.

“Употребата на блокчејн технологијата ќе доведе до иновативна промена во животот на луѓето”, изјави денеска директорот на KISA Ким Сeок-Хван,

“Со учество во овој натпревар, секој ќе има можност да учествува и да придонесе.”

Во септември, исто така, ќе почне нова иницијативна рунда на Министерството за обука на млади. Обуката трае шест месеци, учесниците ќе добијат солидна обука и можности за вработување во компаниите кои работат во блокчејн секторот и на други места.

Блокчејн како индустрија и понатаму ќе добие големи инвестиции од корејската држава во наредните години, со најмалку 5 трилиони вонови (4,4 милијарди долари) наменети за 2019-та година.

Leave a comment