Владата на Велика Британија треба да назначи “Главен директор за блокчејн” вели еден од пратениците

Пратеник во Велика Британија повика владата да ја придвижи употребата на блокчејн во јавниот сектор.

Со цел да ги продолжи барањата за реконструкција на довербата на граѓаните и да ја зајакне транспарентноста на владата, Еди Хјуз, член на парламентот од Конзервативната партија на Велика Британија, во извештајот објавен во средата изјави дека владата треба да “назначи главен директор за блокчејн кој би се соочувал со јавноста” според извештајот од City A.M.

Предложениот главен директор за блокчејн треба да се фокусира на формирање стратегија за користење на технологијата во јавните служби, со долгорочна цел да го намали годишниот расход на владата за еден процент, се вели во извештајот.

Пратеникот понатаму тврдеше дека блокчејн стратегијата предводена од владата на Велика Британија ќе биде ефикасен начин да се зголеми конкурентноста на земјата во светот.

Предлогот на Хјуз доаѓа во време кога сé поголем број на стартапи имаат барања за блокчејн апликации во Велика Британија, секако во средина која би била регулирана.

Според извештајот објавен на 4-ти јули од страна на британскиот Орган за финансиски спроведувања (FCA), над 40 проценти од 29-те стартапи прифатени како финансиски регулации во четвртата група на sandbox, се фокусираат на дистрибуирана ledger технологија (DLT).

Сепак, Хјуз не е единствениот член на парламентот кој врши притисок за користење блокчејн во јавниот сектор.

Домот на Лордовите, горниот дом на Британскиот парламент, во ноември објави извештај кој ги нагласи можностите околу блокчејн за владините служби.

Leave a comment