Вкупната вредност на Биткоин испратена до Darknet пазарите се зголемила за 70% во 2018-та година

Во текот на минатата година вредноста на Биткоин (BTC) испратена на darknet пазари се зголеми за 70 отсто, се вели во извештајот на Chainalysis објавен на 18-ти јануари.

Извештајот на Chainalysis укажува на тоа дека активностите на darknet релативно не се под влијание на моменталната цена на Биткоин и не мора да се намалуваат кога цената се намалува. Според податоците содржани во извештајот, во 2018-та година односот помеѓу вредноста на трансакциите на darknet пазарот и перформансите на пазарот на Биткоин биле спротивни.

Во текот на 2018-та година, вкупната вредност испратена на darknet пазарите бележи значителен пораст од 70 отсто, додека вкупната вредност на биткоин економските трансакции опаѓала во текот на целата година.

Според податоците на Chainalysis, вкупната доларска вредност на трансакциите на darknet пазарот постојано се зголемува од 2011-та година. Вредноста достигна во 2017-та година над 707 милиони долари и се намали за околу 14 проценти на 603 милиони долари во 2018-та година. Според извештајот, намалувањето на вредноста од 2017-та година до 2018-та година се должи на затворањето на популарниот darknet Alphabay во средината на 2017-та година, после кое активностите на darknet пазарот опаднаа за 60 отсто.

Понатаму, по затворањето на Аlphabay, наводно, другите пазари го заземале неговото место, создавајќи го она што извештајот го нарекува “whack-a-mole проблемот со darknet пазарите”. Ова доведе до уште една фаза на постојано зголемување на вредноста на таквите трансакции во 2018-та година. Во извештајот, исто така се забележува:

“Има некои докази дека darknet активностите се зголемуваат дури по затворањето”.

Сепак, според податоците на Chainalysis, дури и во 2017-та година, делот на биткоинските комерцијални трансакции испратени на darknet пазари е само мал дел од еден процент, откако достигна највисоки 6 отсто во 2012-та година. Од својот врв во 2012-та година, учеството на биткоин трансакциите испратени на darknet пазари почна полека да се намалува.

Во една посветена анализа објавена во март 2018-та година, Cointelegraph објави податоци од различни извори истакнувајќи дека парите, а посебно Американските долари, остануваат најпосакувана метода за плаќање на недозволени добра и услуги. Во извештајот се наведува дека додека половина од Биткоин во некоја фаза се користел за нелегални набавки, неверојатни 90 отсто од американските доларски записи имаат траги од кокаин.

Во октомври 2014-та година, основачот на darknet пазар пребарувачот Grams изјави дека “darknet е создадена главно за да се бори против тиранијата на владите”, пред да заврши со цитатот:

“Darknet промовира слободи, а не кривични дела”.

Leave a comment