Венецуела ќе го финансира домувањето за бездомни со својата национална криптовалута Petro

Венецуелската министерка за труд и социјална работа Илдемаро Виљароел, објави дека владата на земјата планира да финансира изградба на куќи за бездомници со националната криптовалута наречена Petro, објави Criptotendencia на 5-ти јуни.

Владата ќе финансира проект наречен “Голема мисија за домување во Венецуела (GMVV)“, чија цел е да се направи квалитетно домување подостапно за бездомниците. Според веб-сајтот на GMVV, владата до денес има завршено повеќе од 2 милиони куќи.

Виљароел рече дека досега 33 компании започнале технички, финансиски и логистички тестови за да започнат со процесот на градење, додавајќи:

“Заедно со гувернерите, ги разгледуваме плановите што ќе ги започнеме во вториот квартал. Во овој втор квартал GMVV ќе внесе финансиски средства кои оваа година ќе бидат заштитени и воспоставени со Petro.”

Друг официјален претставник цитиран од Criptotendencia рече дека Petro создава како “заштитен штит” околу изградбата на куќите. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро одобри буџет од 75 милијарди боливари (околу 750.000 долари) и 909.000 Petros за новите домови.

Ова не е првата владина општествена иницијатива во Венецуела, финансирана од националната криптовaлута Petro. Во мај Мадуро го објави лансирањето на крипто-банката финансирана од Petro, за поддршка на иницијативите за млади и студенти.

Додека венецуелската политичка и економска криза се продлабочи во последниве години, со инфлацијата на боливар над 25.000 проценти, Венецуела забележа бум во криптовалутите. Биткоин тргување значително се зголеми оваа година. Обемот на размената од боливар кон биткоин се зголеми за 138% од март до април, а за 39% повеќе од април до мај.

Leave a comment