Венецуела ќе го користи Petro како платежна единица за плати, стоки и услуги

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека националната криптовалута поддржана со нафта, Petro, ќе се користи како платежна единица во земјата, објави ABC International, на 14-ти август.

Николас Мадуро, наводно на телевизија објави дека државната нафтена компанија PDVSA ќе го користи Петро како платежна единица. Дополнително, владата ќе воведе нов систем на плати и систем за цените на стоките и услугите кои се поврзани со Petro. ABC го цитираше Мадуро:

“Од следниот понеделник, Венецуела ќе има втора сметководствена единица врз основа на цената, вредноста на Petro. Тоа ќе биде втора платежна единица на Републиката и ќе започне со работа како задолжителна платежна единица на нашата нафтена индустрија PDVSA.”

Според Мадуро, спроведувањето на новиот систем за плати и цени со Petro ќе значи “значително подобрување на приходите на работниците” и ќе помогне “да се појави повторно максималната малопродажна цена”.

Почнувајќи од 20-ти август, Венецуела ќе има две владини валути, Петро и суверениот боливар, вториот ќе биде според индексот на првиот. Суверениот боливар ќе одземе пет нули од сегашната национална валута, боливарската ферта, во евентуална монетарна реверзија.

Централната банка (BCV), наводно, “ќе започне да ги објавува официјалните бројки за вредноста на суверениот боливар според Petro и неговата вредност според меѓународните валути”. Мадуро, исто така, изјави дека BCV и приватните банки во земјата веќе ги примиле новите банкноти.

Венецуелската влада ја започна предпродажбата на Petro во февруари, со 82,4 милиони достапни монети од првата национална криптовалута поддржана со нафта во тоа време. Земјата ја претстави валутата во обид да привлече странски инвеститори и да ги избегне санкциите на САД и Е.У., како и да ја надмине катастрофалната хиперинфлација која се очекува да достигне 1.000.000% во 2018-та година.

Според белата книга на Petro, криптовалутата целосно е во согласност со венецуелското законодавство, иако опозицијата во Националното собрание јавно изјави дека издавањето на Petro е незаконско.

Додека некои делови од документот немаат казнени детали и други не се поткрепени со доволни аргументи, постојат некои јасни случаи на економска злоупотреба. Плаќањето на даноците и други исплати со државните органи би било поевтино за најмалку 10% со Petro, кој во иднина се планира да се прошири и на други платежни пазари.

Белата книга вели дека Petro може лесно да се претвори во американски долари и други валути, што ќе i помогне на Венецуела во трговијата со извоз. Сепак, постои можност тoa да може да се купи со средства кои нелегално биле примени на платформите за крипто-размена или приватно, а потоа се разменуваат со нафта која може да се “испере” и да се документира за да се продаде преку бизнис-практики во различни јурисдикции.

Leave a comment