Венецуела официјално започна со продажба на контроверзната Petro монета

Контроверзната државна криптовалута во Венецуела, Petro сега е достапна за купување за fiat и крипто, објави вчера на Twitter Венецуелското Министерството за економија.

Според инфографиката вклучена во твитот, Petro сега може да се купи директно од државната каса преку официјалната веб-страница на монетата или од шест крипто берзи одобрени од владата. Монетата што ја издава државата може да се купи за fiat, наведен во графиката како јуани, евра и американски долари, или за одредени криптовалути, од страна на правни и физички лица кои се имаат регистрирано и поминале процес на валидација на официјалниот веб-сајт на монетата.

Според официјалниот профил на Twitter на Petro монетата, кој очигледно е суспендиран од прес време на статијава, монетата може да се купи со биткоин (BTC), Litecoin (LTC), Еthereum (ЕТH) и Dash (DASH). Меѓутоа, Националната асоцијација за криптовалути известува дека Petro во моментов е достапен само за BTC и LTC, помеѓу криптовалутите.

Владата, исто така, назначи надзорник за крипто и слични активности, Јоселит Рамирез, кој наводно е одговорен за справување со прашања за услугите на Petro.

Шест крипто берзи – Bancar, Afx Trade, Cave Blockchain, Amberes Coin, Cryptia, и Criptolago – се овластени од страна на владата на Венецуела за трговија со оваа монета од 16-ти октомври. Почнувајќи од прес-време, ниту една од берзите не е наведена меѓу првите 100 крипто берзи на CoinMarketCap.

Претходно овој месец, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека официјалниот датум за почеток на јавната продажба на Petro ќе биде на 5-ти ноември – речиси единаесет месеци откако тој прво навестил дека има можност за криптовалута поддржана од државата.

Во тоа време, Мадуро откри дека Petro ќе се тргува на шест овластени крипто берзи, иако тој се воздржа од нивно именување. Покрај тоа, Petro wallet беше лансиран истиот ден на Google Play, но оттогаш е избришан.

Leave a comment