Бројот на крипто банкомати постојано расте

Бројот на нови крипто банкомати ширум светот продолжува да расте и покрај неодамнешниот колапс на крипто пазарот, според податоците. Локаторот на Coin ATM Radar ги претстави податоците во извештајот објавен во понеделникот, 10-ти декември.

Информациите од Coin ATM Radar покажуваат дека во ноември, различни производители на банкомати отвориле 209 банкомати низ целиот свет, а 68 од претходно инсталираните се затворени. Нето-порастот на 141 банкомат е приближно ист како во октомври, кога вкупниот износ достигна 150.

САД остануваат доминантна земја со 70 нови инсталирани банкомати; на крајот на годината, во моментов има инсталирано 2243 крипто банкомати. Австрија и Канада се следни на листата, со 17 и 16 банкомати инсталирани соодветно.

Покрај тоа, три земји – Перу, Албанија и Јужна Кореја – имаа свои први крипто банкоматни инсталации во ноември. Првите две земји добија банкомати креирани од General Bytes, главен производител на Биткоин банкомати со седиште во Прага, додека Јужна Кореја добила банкомати од локалниот производител DOBI ATM.

General Bytes инсталира најголема количина банкомати ширум светот (80), по што следи производителот од САД, Genesis Coin (36) и Lamassu Bitcoin Ventures (12).

Во ноември, бројот на altcoins прифатени на банкоматите се зголеми за 59 отсто. Биткоин (BTC) беше прифатен од најголем број на банкомати, со 4,042 машини ширум светот во целост прифаќајќи ја највредната криптовалута.

Девелоперите на првиот Индиски биткоин банкомат – исто така и ко-основачи на крипро берзата Unocoin – беа уапсени во градот Бангалор за кривични обвиненија, наводно вклучувајќи криминален заговор, мамење и фалсификување.

Leave a comment