Неодамна објавените податоци покажуваат дека бројот на корисници на крипто паричници постојано се зголемува во текот на годините, речиси независно од подемите и падовите на пазарот. Овој позитивен тренд продолжува низ проширениот bear пазар и всушност се засили во последните неколку недели.
Над 36 милијарди крипто паричници создадени досега
Студијата објавена од провајдерот на податоци за пазарот и потрошувачите, Statista, собира податоци за тригодишен период. Бројот на корисници на блокчејни паричници во светот се зголемил од 6,7 милиони во првиот квартал од 2016-та година до над 34,6 милиони во првиот квартал на 2019-та година. Ова вклучуваше постојан пораст, при што секој квартал добивал повеќе крипто паричници од претходниот.

Подетален графикон подготвен од Blockchain.com го потврдува трендот, кој датира од почетокот на 2013-та година. Во текот на целиот период имало два забележливи подеми. Првиот се случи помеѓу крајот на ноември 2017-та и крајот на јануари 2018-та година, кога бројот на паричници скокна за 2,5 милиони. Вториот започна во април – речиси 2 милиони нови корисници се регистрирани од почетокот на минатиот месец.

Вкупниот број на корисници на паричници на 30-ти април беше 36.616.530, според пресметките на Blockchain.com. Бројот на корисници кон крајот на април 2012-та година беше помал од 5.800. Разликата, несомнено, претставува огромен пораст на бројот на луѓе кои се вклучени во крипто-просторот, и покрај сите пречки на патот.
Работи што треба да се земат предвид при изборот на паричник
Поставувањето на крипто паричник е неопходен чекор за секој кој сака да влезе во крипто просторот. Тоа ви овозможува да ги стекнете, да ги чувате и да ги трошите дигиталните монети. Има многу опции на пазарот и вашиот избор треба да зависи од вашите приоритети.
На пример, хардверските паричници како што се Ledger и Trezor веројатно нудат поголема сигурност за дигитални средства. Исто така, постојат популарни деловни паричници како Jaxx или Exodus, онлајн паричници како Coinpayments и мобилни паричници креирани за Android и iOS, како Edge. Blockchain.com нуди сигурен и популарен паричник исто така. Сите тие поддржуваат повеќе криптовалути.
Ако ви треба лесен клиент развиен за различни платформи, вклучувајќи ги и мобилните оперативни системи, како и Windows, MacOS и Linux, Bitcoin.com Wallet е софтвер со отворен код, едноставен и сигурен за купување, складирање, испраќање и примање на биткоин. Апликацијата поддржува две главни криптовалути – bitcoin cash (BCH) и bitcoin core (BTC).

Новите корисници можат бесплатно да ја преземат и инсталираат апликацијата и да ги купат BCH и BTC со кредитна картичка директно во паричникот. Од неодамна, опцијата е достапна не само за жителите на САД, туку и за крипто ентузијастите во Велика Британија и Европа. Паричникот ви овозможува лесно да се префрлате помеѓу двете монети користејќи услуга наречена Sideshift без потреба за каква било регистрација или креирање на акаунт.
Веројатно најпривлечна карактеристика на Bitcoin.com Wallet е дека тоа е noncustodial платформа. Тоа значи дека ќе бидете целосно одговорни за вашите средства во секое време. Овие и други предности се некои од причините за растечката популарност на паричникот. Досега се креирани скоро 4 милиони Bitcoin.com паричници. Тоа е близу 2 милиони нови паричници за само една година.