Брајан Армстронг: На Coinbase во 2017-та година се регистрираа 50.000 корисници дневно

Извршниот директор на платформата за крипто размена наречена Coinbase, Брајан Армстронг, во интервјуто на 14-ти август за Bloomberg изјави дека во 2017-та година регистрирале на платформата 50.000 корисници дневно.

Зборувајќи на Bloomberg Players Technology Summit во Сан Франциско во вторникот, Армстронг изјави дека “технологијата [Биткоин] поминува низ серија bubbles и корекции, и секој пат кога се случува, технологијата е на ново плато”. Тој додаде дека ” очекувањата на луѓето се присутни постојано, и дека усвојувањето во реалниот свет се зголемува”, наведувајќи дека гледа “усвојување на технологијата во реалниот свет кое прилично постојано се зголемува секоја година”.

Кога беше запрашан за неговите очекувања за ICO, Армстронг рече дека ICO се “важна иновација во светот” бидејќи им даваат можност на луѓето ширум светот да соберат средства за нови вложувања без да се потпираат на нечии лични мрежи или на инвеститори. “Тоа е огромен чекор”, рече тој.

Додека постојат правни прашања што треба да се разгледаат, Армстронг рече дека очекува трендот на ICO да продолжи, велејќи дека “ICO ги кршат сите претходни crowdfunding рекорди.”

Армстронг изјави дека Coinbase им помогна на клиентите да тргуваат со дигитални валути вредни 150 милијарди долари во 2017-та година. Тој проценува дека околу 10% од криптовалутите се користат во реалниот живот, во игри и други онлајн купувања.

Претходно оваа недела Coinbase го најави намалувањето на годишниот надоместок преку Index Fund “за сите нови и постојни инвеститори” од 2 до 1 отсто, со цел да се “привлечат инвеститори кои се запознаени со индекс фондовите за пониски давачки во другите класи на средства”. Тој ден, платформата исто така, објави дека Index Fund бил ребалансиран за да се вклучи Ethereum Classic (ETC), по официјалната листа на Coinbase минатата недела.

Минатата недела Coinbase успешно ја обнови лиценцата за пренос на пари во државата Вајоминг. Лиценцата беше суспендирана од средината на 2014-та година поради одредбите во државниот закон кои бараа сите платформи за размена “двојно да ги зголемат” дигиталните средства на жителите во државата наспроти нивните fiat валути.

Leave a comment