Бразил ја затвори криминалната пирамидна шема која украде 200 милиони долари од 55.000 граѓани

Бразилската полиција уапси десет лица осомничени за управување на крипто пирамидна шема во вредност од 850 милиони реала (210 милиони долари), објавија локалните медиуми, меѓу кои и Correido Do Povo на 21-ви мај.

Како дел од операцијата “Египет”, во чистката посветена на откривање на нелегални финансиски шеми, на полицијата се придружи и Бразилската даночна полиција за организирање на мерки против  Indeal, за кои велат дека изнудиле средства со помош на измама од 55.000 инвеститори.

Тие ги измамиле жртвите со ветување за исплата од 15% во првиот месец по инвестирањето во крипто-шемата.

Вкупно, истрагата вклучила инспекција на 13 лица и пет правни лица.

“Проблемот со оваа компанија е тоа што дејствуваше без дозвола”, изјави за Correido Do Povo делегатот Едуардо Далмолин Болис од канцеларијата за корупција и финансиски криминал на федералната полиција.

Имајќи знаци на класична финансиска пирамида, конфискациите на средствата на измамниците покажаа дека Indeal нема да може да ги услужи повлекувањата од сите нејзини инвеститори одеднаш.

Тие, исто така, ги користеа инвестициите за плаќање на луксузни предмети, велат властите, вклучително и 30 автомобили и скапоцени камења, кои потоа биле конфискувани.

Веста дојде истата недела додека САД преземаа акција против Ponzi мрежа, поврзана со криптовалути за која се тврдеше дека е поддржана од дијаманти. Во овој случај, лидерите на мрежата, наводно, ги измамиле домашните и странските клиенти да предадат околу 30 милиони долари во текот на неколку години.

Користењето на криптовалути не е нелегално во Бразил, при што полицијата мораше да превземе голем напор за рацијата врз Indeal поради нелегалното водење на нивниот бизнис.

Leave a comment