Борба против проневера со помош на блокчејн

Проневерата влијае на организации од сите видови и големини во широк спектар на индустрии и географии. Последиците може да бидат директни, преку финансиски загуби или индиректни, преку парични казни и репутациски последици. Во 2018-та година, фирмите во светот изгубија повеќе од 7 милијарди американски долари поради внатрешни шеми на проневера, според  “2018 Report to Nations” од Association of Certified Fraud Examiners (ACFE) – која анализираше 2.600 вистински случаи на професионални проневери од компании низ 125 територии и 23 индустрии. Решавањето на ризикот од измама е клучен предизвик за сите организации.

Блокчејн како решение

Блокчејн по дизајн е технологија која работи против измамите како проневерата и фалсификувањето. Суштината на блокчејн технологијата е споделен доказ кој не може да биде променет за активностите кои се временски одредени и потврдени од дистрибуирана мрежа на компјутери. Ова обезбедува real-time ревизија на информации што се разменуваат. Значи, дури и ако се евидентираат лажни информации на блокчејнот, постои едноставен начин да се идентификуваат и обележат овие трансакции.

Во контекст на плаќањето со дигитални валути, речиси е невозможно да се спроведе лажна трансакција. Валутата испратена од еден паричник во друг не може да го надмине износот наведен во паричникот на испраќачот. Вработените кои работат во организации што тргуваат со дигитални валути, според тоа, би им било многу тешко да се мешаат во евиденциите за плаќање, со што би се пречиле многу шеми за проневера на средства, како што се кражба на средствата на компанијата – што, според ACFE, претставувало 89% од пријавените случаи на измами.

За организации кои сè уште не вршат плаќања во дигитални валути (огромното мнозинство, во моментов), тие се уште можат да ги искористат предностите на блокчејн технологијата за да ја спречат измамата. На пример, кога се креираат, уредуваат, складираат, разменуваат или уништуваат документи, како што се финансиски извештаи, excel документи или која било друга чувствителна дигитална датотека што е склона на хакерски напад, таквите активности можат автоматски да се “најават” на блокчејн.

Процесот на пријавување на овие трансакции во јавни блокчејни како што се биткоин или Етереум е познат како anchoring, при што се емитува само хеш или криптографски референтен код кој се однесува на одредена активност (на пример, размена на е-мејл) или датотека (на пример, скенирање на пасош) како дел од блокчејн трансакција. Овие блокчејни трансакции потоа може да бидат видени од било кого, за целосна јавна одговорност, или само од оние кои имаат дозвола за прегледување или пристап до оригиналните датотеки за проверка, како што се надворешните ревизори или регулаторите.

Зошто се случува проневера и како се решава

Недостатокот на внатрешен надзор, во комбинација со работно опкружување под притисок, обезбедува идеални услови за организирана измама. Истражувањето спроведено од PwC, глобален ревизор, покажа дека 52% од пријавените случаи на проневера биле извршени од страна на внатрешни актери, од кои 24% биле високи менаџери. Според “Анкета за глобален економски криминал и измама 2018” на PwC, која собрала податоци од 7.200 испитаници на 123 различни територии, користењето на систем за подобрување на размена на информации може да помогне да се намалат ризиците и трошоците од вакви измами.

Во моментов, организациите решаваат проневери преку воспоставување на кодекс на однесување, ангажирање надворешни ревизори и обезбедување овластувања за тимовите задолжени за внатрешна ревизија. Користењето на алатки за анализа на податоци, исто така, придонесува за намалување на загубите и побрзо откривање на случаите на измама, како што е соопштено од ACFE. Сепак, ACFE извештајот, исто така, го наведува најчестиот метод на првична детекција на проневера, воопшто не се потпира на технологијата, туку преку дојави од вработените, што претставува 40% од случаите.

Како и да е, блокчејнот не може да ги реши сите видови измами, особено оние што се случуваат првенствено офлајн, ниту пак, служи за откривање или предвидување кога ќе се случи некоја измама. Сепак, начелата на технологијата служат како значајно спречување на измами и алат за спроведување на интегритетот на податоците кои можат да се искористат за справување со реалните проблеми, како што се заштитата на работниците мигранти од корупциски практики за вработување и спречување некој да се меша во инвестициските трансакции со недвижнини.

Leave a comment