Блокчејн телефонот на Sirin Labs ќе започне со испорака во ноември

Finney, блокчејн телефон најавен во сред лудилото за токенизација во 2018-та година, се очекува да започне со испорака кон крајот на декември.

Sirin Labs, производител на телефонот, го откри својот финален дизајн за прв пат на вчерашниот настан во Барселона, ветува дека ќе го подобри корисничкото искуство на децентрализираните апликации (или dapps) со својот нов хардвер.

Компанијата тврди дека собрала повеќе од 157 милиони долари со ICO објавена на почетокот од оваа година за да го финансира развојот на уредот. Сепак, со толку малку dapps што се лансирани, останува да се види дали има апетит за подобрено корисничко искуство на децентрализираната мрежа.

Sirin не најави прецизен датум, но главниот директор за маркетинг на компанијата Нимрод Мeј, изјави дека фирмата планира дека испорачувањето ќе започне некаде помеѓу 15-ти и 25-ти декември. Sirin е партнер со еден од најдобрите производители на електроника во светот, Foxconn, за производство на овие уреди.

Телефонот кој чини 999 долари може да биде нарачан уште сега за носителите на симболот SRIN. Повеќе канали за плаќање ќе одат наскоро во живо, а Меј објасни дека компанијата секогаш ќе менува формата на плаќање.

Не постои врска помеѓу SRN и цената на телефонот, така што оние што ги купиле во продажбата на токени ја искористиле тогашната цена. Токенот отскокнуваше од 0,06 до 0,18 долари во текот на последните три месеци, иако се обидуваше и повремено вредноста му се крена од октомври минатата година, според податоците на сајтот CoinCap.

Повеќе играчи влегоа на пазарот откако Finney беше првпат предложен. Особено, долгогодишниот производител на мобилни телефони HTC вети уред кој е дизајниран со крипто. Upstart Pundi X исто така влезе во игра.

Меј кој работи во Sirin одби да даде конкретна цифра за предпродажбата, но тој даде претпоставка за како ќе оди продажбата: “Убеден сум дека ќе ги поминеме 100.000 во првата година”.

Безбедносни функции

Како телефон дизајниран за крипто, Finney има силни тврдења околу својата безбедност.

Може да се нагласи длабочината на искуството на тимот во сајбер безбедноста и неговата примена на вештачката интелигенција за откривање на хакерски напад. Телефонот исто така е изграден со модификација на Андроид мобилниот оперативен систем, наречен SirinOS, кој е дизајниран со блокчејн функционалност.

Безбедносната карактеристика која несомнено ќе го привлече најголемото внимание ќе биде cold storage wallet-от. Овој wallet е всушност вториот уред во истото куќиште како и телефонот.

Меј изјави дека има посебен процесор и корисниците ќе имаат интеракција со wallet-от на вториот LCD екран. Seed phrases ќе бидат вметнати само преку тој екран. Ова може да се види во видеото за дизајнот на телефонот објавено од страна на компанијата.

Со цел да ги натера луѓето да користат нови апликации во “dCenter” на компанијата или децентрализираната app store, Сирин ќе им олесни на градителите на апликации да испратат бесплатни токени на корисниците на Finney.

Корисничко искуство

Sirin Labs од самиот почеток изјавија дека Finney има за цел да го направи крипто полесно да се користи.

На пример, ако корисниците сакаат да користат различни апликации, тие не треба да размислуваат за плаќање во вистинската форма на крипто. Finney е изграден да конвертира различни токени колку што е потребно. Веднаш по лансирањето, тој само ќе ги конвертира BTC, ETH и SRN.

Кога CoinDesk првпат извести за Finney, планот на фирмата беше да ја користи мрежата на Bancor за да ја изврши својата замена. Може да се каже дека замената сега ќе ивршува на сопствениот софтвер на Sirin.

Еден од токените кој го има во dapp store ќе биде sirin токенот. “Sirin токенот е дизајниран како кориснички токен од самиот почеток”, изјави Меј.

Подоцна, има за цел да управува со специфични карактеристики на Finney, како на пример да им овозможува на корисниците на телефонот да си ги продаваат додека се во движење. Претстојниот комплет за развој на софтверот ќе им овозможи на инженерите да размислуваат и да ги унапредат сопствените peer-to-peer случаеви на употреба.

Слично како и со Bancor, оригиналниот план беше да се напојуваат овие услуги со Iota protocol, како што претходно беше објавено, но Sirin Labs повеќе не планира да го стори тоа. SRN засега работи на ethereum блокчејнот.

Leave a comment