Блокчејн стартап ќе ја зголеми безбедноста на пациентите и ќе спречува погрешно препишување на лекарства

Блокчејн решение открива сериозни планови да го направи пазарот за медицина на Велика Британија побезбеден преку создавање на систем кој ќе ги спречи пациентите да нарачуваат ист рецепт од повеќе аптеки, а истовремено да ги спречува фалсификуваните лекови да се внесат во синџирот на снабдување.

MediConnect вели дека воведувањето нови заштитни мерки за јавноста и здравствената индустрија може да заштеди пари и животи. Мотивот за стартапот дојде откако основачите на компанијата го открија степенот и влијанието на прекумерната понуда преку Националната здравствена служба (NHS) и приватните здравствени установи.

Недостатокот на податоци, значи дека пациентите може да направат нарачки со повеќе рецепти на неколку веб-страници за неколку минути – прашање кое е загрижувачко за регулаторите со оглед на зголеменото ниво на зависност од дроги во Велика Британија. MediConnect вели дека кога станува збор за опиоидни лекови против болки, пациентите би можеле да завршат во сопственост на потенцијално смртоносни количини на лекот за краток временски период, а недостатокот на контролни механизми значи дека сето тоа може да се одвива секојдневно, без координирана обврска за грижа.

Првично, платформата на компанијата ќе се користи од две воспоставени онлајн аптеки, кои веќе имаат комбинирана база на корисници од 300.000 луѓе, со просечно 30.000 до 50.000 рецепти издадени месечно. MediConnect се надева дека нивното решение може да ги подобри резултатите на пациентот, да спречи злоупотреба на дрога, да утврди од каде доаѓаат лековите и да се осигура дека повлекувањето на производот може да се случи поефикасно.

За жал, прашањето за фалсификувани лекови е далеку од хипотетичко. Еден скандал во 2007-ма година, во кој 25.000 пакети влегоа во синџирот на снабдување на Велика Британија, со извештајот на BBC од 2012-та откривајќи дека во тоа време биле идентификувани само осум заболени пациенти.

Блокчејн мозоци

За да ја постигне нивната визија, блокчејнот на MediConnect ќе биде напојуван од Stratis, чии девелопери во сопственост имаат задача да изградат пакет на услуги прилагодени на потребите на аптеките.

Крис Тру, извршен директор и основач на Stratis Group Ltd., изјави:

“Ова е возбудливо време за Stratis. MediConnect ќе стане уште еден клиент на Stratis, искористувајќи ги нашите консултантски услуги за да изградиме и испорачаме нарачано блокчејн решение кое ќе ја револуционизира медицинската индустрија.”

Стартапот ќе се состои од два блокчејна. Првиот приватен блокчејн за кој треба дозвола, ќе ги чува доверливите податоци – како што се рецепти на купувачи – додека јавниот блокчејн ќе се користи за обработка на трансакции направени преку специјално креираниот токен MEDI.

Системот MediConnect ќе ја гарантира видливоста и транспарентноста на циркулацијата на лекови во онлајн-фармацевтската индустрија на двете страни. Производителите, логистичките компании, трговците на големо, онлајн аптеките, лекарите и пациентите играат улога, при што блокчејнот нуди придобивки за секој од нив. Како пример, здравствените работници ќе можат да го намалат обемот на документите што ги спречуваат да трошат повеќе време со пациентите, додека пациентите ќе можат да ја преземат сопственоста на својата медицинска евиденција и да имаат доверба во потеклото на нивниот лек.

Преку MEDI токени, пациентите, исто така, ќе имаат можност да заработат попусти и награди, помагајќи да се намали цената на здравствената заштита. MediConnect смета дека ова средство исто така ќе ги елиминира надоместоците за кредитни и дебитни картички за клиентите, ќе гарантира нивна анонимност и ќе ги отстрани таксите за конверзија на валута за организациите кои купуваат лекови од производители на лекови во странство.

Соработка со NHS

MediConnect планира да започне со две онлајн аптеки во средината на 2019-та година – дополнителни 6 до 8 аптеки поставени да се интегрираат наскоро потоа. Една од нив ќе биде аптека за издавање амбулантски рецепти. Како што напредува годината, ова тестирање има намера да стигне до 20 дополнителни аптеки низ Нотингем, Дерби и Лестер. До крајот на 2019-та година, MediConnect ќе продолжи да ги доставува резултатите од испитувањето до соодветните владини регулатори и официјалната работна група за зависности од дрога во рамките на BBFA, Комисијата за квалитет за нега и Агенцијата за регулатива за лекови и здравствени производи.

Декстер Блексток, директорот на Mediconnect изјави:

“Ние треба да влијаеме на промените со регулаторите и нашата визија е дека еден ден ќе биде задолжително сите аптеки и препишувачи да користат единствен дистрибуиран ledger за да спречи злоупотреба, препишување и потенцијална зависност од лекови на рецепт.”

Сега е во тек токен понуда. Приватната продажба започна на 16-ти јануари и завршува на 6-ти февруари, со јавна продажба која ќе трае од 20-ти февруари до 3-ти април.

Leave a comment