Блокчејн стартап нуди “динамични надоместоци” за да им помогне на корисниците да заштедат пари на трансакции

Блокчејн стартап верува дека блокчејн технологијата нима потенцијал да биде повеќе од “еден трик дизајниран за инвеститорите – поставувајќи ја целта за создавање на најсовремена технологија за брзи трансакции и испорака на “практични услуги за вистински луѓе”.

Според ARK, целиот нејзин екосистем е изграден околу поттикнување на масовно усвојување на криптовалути преку платформа која е лесна за користење. Компанијата вели дека нејзиниот тим е решен да ги упати нејзините потрошувачи во блокчејн преку создавање алатки и производи кои се лесни за употреба и кои постепено ја зголемуваат свеста и општото знаење за можностите што ги обезбедува блокчејн технологијата.

Меѓу карактеристиките на ARK е развојниот процес наречен SmartBridge, кој му овозможува на неговиот блокчејн да комуницира со сите други популарни мрежи, вклучувајќи ги и Биткоин и Ethereum. Постојано се спроведува “континуирана анализа на ризик и внатрешно повторувачко тестирање на пенетрација” за да се ублажат стравовите околу безбедноста.

Севкупно, компанијата се надева дека ќе ја направи блокчејн креацијата и усвојувањето  лесно како правење веб-страница со WordPress.

Десктоп, мобилни и хардверски wallet

ARK смета дека една од неговите предности е неговите easy-to-use wallets. Синхронизирајќи се и отворејќи го патот за “многу брзи” трансакции, тие се компатибилни со сите блокчејни базирани на ARK и може да се прилагодат со приклучоци и да се персонализираат за да им одговараат на корисниците. Ledger Nano хардверот е вграден во wallets за дополнителна безбедност.

Големата пречка за криптовалутите е што стануваат попопуларни во јавните кругови е ризикот од одложување на трансакциите поради пренатрупаните системи. ARK вели дека неговата мрежа го решава ова со тоа што е “една од најбрзите во индустријата” – со блокови  завршени за само осум секунди.

ARK, исто така, верува дека успеале да се заштитат од сите потенцијални проблеми кога станува збор за приспособливост во иднина. Преку функционалноста на SmartBridge, платформата вели дека е “способна да ги исклучи несуштинските функции на стотици паралелни синџири”. Затоа, тимот верува дека ова го отвора патот “за поголема приспособливост, додека главниот блокчејн на ARK се движи ефикасно и брзо”.

Моќта на динамичните надоместоци

Друг концепт изнесен од мрежата на ARK е динамички надоместоци. Ова го прави ARK првиот блокчејн базиран на DPoS кој го постигнал овој подвиг, велат од компанијата. Овде, брзината со која се обработува трансакцијата ќе зависи од тоа колку потрошувачот е подготвен да плати во однос на надоместоците. Стартапот се надева дека со ова ќе се обезбеди финансиска флексибилност за заедницата, без да се одвлече од “беспрекорно корисничко искуство” – и платформата вели дека ќе го прегледува повторно напредокот на оваа функција и ќе направи измени, секогаш кога ќе има потреба. Накратко, тоа значи дека некој на кого му треба брз пристап до криптовалути, може да скокне до предниот дел од редот со плаќање повисока такса, додека некој што не му се брза може да плати помалку за трансфери, се додека тие се спремни да чекаат малку подолго додека криптовалутите се обработуваат.

На веб-сајтот на ARK има детални новости за тоа до кај се со развојот на стартапот – како и датумот на пуштањето во употреба. Се очекува да биде објавен подоцна во октомври или почетокот на ноември.

Leave a comment