Блокчејн сексуална револуција: Крипто во индустријата за забава за возрасни

Блокчејн технологијата ветува дека ќе револуционизира во голем број индустрии и таа го постави својот пат во најприкриените сектори на општеството.

Старата изрека „сексот продава“ се уште важи и ден денеска и индустријата е навистина масивна, удоволувајќи на незаситниот апетит за услуги како што се веб-страници за состанување, порнографија, стриптизети и други сексуални понуди.

Со оглед на огромниот пазар за овие типови на понуди, не е изненадувачки што некои иновативни умови ја видоа вредноста што блокчејн технологијата може да им ја понуди на нивните специфични бизниси.

Некои од нив се револуционализираа, додека други случаи само едвај ја прифатијаја употребата на криптовалутите како средство за плаќање за нивните производи. Како и да е, тоа покажува како усвојувањето на криптовалутите расте низ широк економски спектар.

Придобивките од анонимноста

Како што објави британскиот таблоид „The Sun“ минатата година, изведувачи во популарен стриптиз клуб во Лас Вегас започнале да прифаќаат бакшиш за нивните услуги во криптовалути.

Некои од посокудно облечените стриптизерки имале привремени QR кодови на своето тело, дозволувајќи им на клиентите да плаќаат за нивните услуги со виртуелни валути.

Сопственикот на клубот, Ник Бломгрен, тврди дека станува збор за генијална идеја што им овозможува на луѓето да ги чуваат своите приходи скриени, со оглед на употребата на криптовалути кои овозможуваат анонимни трансакции.

Еден од изведувачите во клубот изјави дека некои банки дури и ги откажуваат сметките на клиенти за кои е утврдено дека работат во индустријата за забава за возрасни. Криптовалутите ја штитат нивната приватност додека обезбедуваат анонимни начини за плаќање.

Исто така, познат американски бордел The Bunny Ranch, се вели дека ја истражува употребата на Биткоин како опција за плаќање.

Сопственикот Денис Хоф, ја истакна моќта на приватноста обезбедена од криптовалутите. Богатите муштерии одат во крајности за да ги чуваат во тајност нивните сексуални навики и да можат да плаќаат за нивните хобија после работа, анонимно, и со криптовалутите се оди чекор подалеку во обезбедувањето на истото.

Платформи кои поддржуваат содржини за возрасни

Забавата за возрасни живее онлајн и апетитот за поголема содржина се чини дека ги надмина достапните рекламни приходи. Блокчејн стартапот Vice Industries го препозна истото и го искористи.

Корисниците на услугата се наградени со VIT токени за гледање содржина, кои потоа можат да ги искористат за да платат за премиум содржина и други услуги на веб-страниците што учествуваат.

ICO-то на овој стартап собра 22 милиони американски долари и е поддржан од Penthouse и Playboy, кои ќе ја усвојат услугата за да им овозможат на корисниците да плаќаат за пристап до експлицитна содржина со виртуелни валути.

Блокчејн ги менува платформите за онлајн состанување

Според Forbes, индустријата за онлајн состанување е пазар вреден 3 милијарди американски долари, со што Tinder е во водство во изминатите неколку години. Податоците од GlobalWebIndex посочија дека 91 милиони луѓе ширум светот користеле апликации за состанување во 2015-та година, при што мажите сочинуваат над 66 проценти од тој број.

Со тоа, има голем број на ICO кои бараат да го револуционализираат просторот за онлајн состанување. Овој специфичен сектор на пазарот е огромен, со милиони надежни сингл личности кои бараат да најдат љубов преку интернет.

Брзо пребарување на интернет покажа неколку интересни ICO кои сакаат да ги освежат услугите за онлајн состанување со употреба на блокчејн технологијата.

Matchpool не е вистинска апликација за состанување, туку повеќе како алатка за да им помогне на луѓето да најдат истомисленици со слични интереси и да постават платформи за да соберат повеќе групи на луѓе на едно место.

Како и да е, таа е алатка што ги поврзува луѓето, без оглед на нивните интереси и ова само по себе е платформа која ги олеснува искрените врски меѓу луѓето.

Во меѓувреме, блокчејн апликациите за состанување Hicky и Luna ја започнаа својата продажба на токени минатата година, првата на Денот на вљубените, и овие две платформи ги поврзуваат конвенционалните апликации за состанување со блокчејн на интересен начин.

Платформата на Hicky ветува дека ќе обезбеди креирање на оригинални профили преку препознавање на лицето и гласот,  така борејќи се со создавање на лажни бот акаунти. Интеракциите помеѓу корисниците ќе бидат олеснети со микро-трансакција со HKY токените, со надеж дека ќе ги намалат спам-пораките помеѓу корисниците.

Главната поента тука е оригинална верификација на профилите на корисниците и безбедноста на информациите енкриптирани на блокчејн. Како и да е, дали е ова доволно голема иновација за да го предизвика Tinder и другите популарни апликации и веб-страници за состанување?

Девелоперите на Luna ги потенцираат недостатоците на конвенционалните апликации за состанување во нивната бела книга. Имено, „лошото однесување при четување, лажните акаунти и злоупотребата на личните податоци“.

Значи, нивната понуда е прилично едноставна, корисниците на апликацијата треба да платат за да испраќаат пораки со токени наречени Stars на други корисници за кои се заинтересирани. Колку повеќе плаќате за да испратите порака, толку повисоко ќе стои во сандачето на тој/таа што ја примил/а.

Од Luna се надеваат дека ќе ги намалат спам-пораките и откако ќе започне разговорот, двајцата корисници не треба да плаќаат дополнителни трошоци за разговор.

Еден потенцијален недостаток е претпоставката дека корисниците ќе бидат подготвени да платат за да започнат разговори со други корисници.

Како и да е, овие три платформи даваат свежи идеи, користејќи ги придобивките од блокчејн технологијата, во обид да ја олеснат комуникацијата, совпаѓањето и состанувањето со современото општество.

Некои се малку мрачни. Legalfling им овозможува на луѓето да потпишат договор во живо, во кој се наведува дека тие се согласиле на различни сексуални интеракции. Тоа значи дека луѓето јасно ставиле до знаење за што се согласиле – и дека информациите се безбедно складирани на Legalfling Blockchain. Доколку луѓето дојдат до спор во врска со нивната сексуална интеракција, без оглед на причината, тие ќе можат да одат на суд со правно досие за тоа за што сакале да се согласат, бидејќи договорите се правно обврзувачки.

Тоа е интересна иновација, која може да помогне во решавањето на криминалните случаи како силување и злоупотреба.

Раните усвојувачи традиционално биле во предност и истото веројатно ќе се однесува на индустријата за забава за возрасни. Бизнисите кои нудат опции за плаќање со криптовалути, можат да најдат добра поддршка од важни патрони.

Покрај тоа, индустриите кои биле трансформирани од технологија, како што се апликации за состанување во изминатите 10 години, ќе бидат предизвикани од компании кои користат блокчејн за да внесат иновации во нивните понуди.

Онлајн понудите изгледа дека најмногу ќе добијат од блокчејн технологијата и следниот Tinder или слични услуги би можеле да напредуваат со оваа технологија.

Leave a comment