Блокчејн патент на IBM кој ќе се справи со проблемите со приватноста и безбедноста на дроновите

IBM поднесе барање за патентирање на систем кој ќе користи блокчејн технологија за справување со проблемите во врска со приватноста и безбедноста за беспилотни летала, според поднесокот објавен од страна на U.S. Patent and Trademark Office (USPTO) на 20-ти септември.

Компјутерскиот гигант прв пат го поднел патентот во март 2017-та година, со детали за тоа како блокчејн може да се користи за безбедно складирање на податоци поврзани со беспилотни летала (UAVs) – попознати како дронови. Патентот забележува дека блокчејн системот може да обезбеди “ефикасни техники за управување со податоци поврзани со UAV […], особено кога нивото на ризик се смета за релативно високо”.

Според поднесокот, таквите податоци може да ја содржат локацијата на дронот, неговиот производител и / или модел, неговото летачко однесување (“на пример, непредвидливо”), способностите на моделот, како што се резолуција на камерата, контекстуални информации како што се временските услови и близината на возилото во ограничени или забранети зони за летање.

Поднесувањето на патент сугерира дека податоците за трансакциите може да се додадат “почесто” како блок на синџирот доколку и кога нивото на ризик се смета за високо. Во однос на управувањето со проблемите за приватноста, ако дронот е опремено со сензор со висока резолуција, на пример, поднесувањето предлага дека ова би можело да се сними на блокчејнот, со додавање дополнителни трансакции на податоци секогаш кога сензорот ќе биде активиран.

Како таква, според поднесокот, заеднички и непроменлив ledger може да им овозможи на повеќе страни – кои би можеле да вклучуваат и други дронови, контролори на воздушниот простор, регулаторни тела и слично – да учествуваат како посредници во управувањето со ризикот. Валидаторските јазли во рамките на мрежата, исто така, би можеле да дадат посебни дозволи, користејќи ги транспарентно складираните податоци за да потврдат дека дронот има овластување да лета во одредена зона.

Патентот понатаму предлага smart contracts да можат да бидат искористени за поврзување на блокчејниот систем со дополнителни информации генерирани од модели со машинско учење или други алгоритми кои пресметуваат историски податоци, како на и надвор од синџирот. Таквите податоци надвор од синџирот може да содржат, на пример, сурови податоци за видео стриминг што бил снимен за време на летот на дронот.

IBM постојано ја проширува својата вклученост во блокчејн на различни полиња, ова лето потпиша петгодишен договор за 740 милиони долари со Австралиската влада за користење блокчејн за подобрување на безбедноста на податоците и автоматизација преку федералните одделенија.

Свежи податоци објавени кон крајот на август откриле дека IBM се натпреварува со Кинескиот гигант за е-трговија, Alibaba, за највисокото место на новите ранг листи по бројот на патенти поврзани со блокчејн што тие ги поднеле до денес. Откако достави 89 блокчејн патенти, IBM беше надминат од својот ривал – кој поднесе 90.

Leave a comment