Блокчејн може да ги преструктуира глобалните набавки на е-влада, велат експертите на Светската банка

Експертите со врски со групацијата на Светска банка ги презентираа опциите за користење блокчејн во набавките на е-влада (e-GP) во извештајот објавен во средата, 17-ти октомври.

World Bank Group ги вклучува организациите што се познати заедно како Светската банка.

Е-GP, кој се однесува на business-to-government набавки и од продавање на стоки и услуги а се до размена на податоци, предизвика многу комплексни структури во многу земји, што би можела блокчејн технологијата да помогне да се поедностави и на друг начин да се подобри”, велат авторите на извештајот.

“Иако имплементацијата на e-GP системите придонесе за зголемена ефикасност и транспарентност во владините набавки, има потенцијал за натамошно унапредување на постојните системи”, се вели во документот – кој беше развиен за Asian Development Bank.

Земји како Индија имаат повеќе од 50 такви структури на е-GP, кои, спротивно, доведуваат до неефикасност, се вели во извештајот. Само неколку одделни држави во светот, вклучувајќи ги Бангладеш и Филипините, “имаат успех во спроведувањето на една единствена платформа за е-GP”.

Со овој напредок, истражувачите очекуваат екосистемот да стане помалку фрагментиран, во исто време, застапувајќи ја употребата на блокчејн на глобално ниво.

“За една деценија или повеќе, се очекува дека над 80% од трансакциите за јавни набавки ќе бидат обработени на интернет во неколку стотици e-GP системи ширум светот”, продолжуваат истражувачите, додавајќи:

“Е-GP блокчејн мрежата треба да се прошири за да им овозможи на банките лоцирани насекаде во светот беспрекорно да ги достават автентицираните гаранции за електронски перформанси на банките во име на добавувачот во било кој од мрежните e-GP системи.”

Во јануари оваа година, владините органи на САД започнаа да ги истражуваат блокчејн решенијата во набавките, како дел од пошироката евалуација на потенцијалните случаи на употреба на оваа технологија.

Leave a comment