Блокчејн како санта мраз, сте го виделе само врвот но не и останатиот дел под водата

Откако го постиравме првиот воведен дел за блокчејн, овојпат ќе навлеземе подлабоко во оваа област за да ги истражиме можните, ако не и веќе постоечките, намени во реалниот живот.

 И не … блокчејн не е само дигиталните пари, во длабочините ќе најдете многу повеќе од тоа што значи оваа технологија.

 Толку многу што дури и не знаеме од каде да почнеме.

Ќе започнеме од тоа што е најтрендинг во моментов и омилено. Криптовалутите. Мразете ги или сакајте, шансите се дека ќе морате да ги прифатите многу наскоро.

Криптовалути

Крипто во неговото јадро е суштински начин за новите бизниси побрзо да подигнат капитал со издавање на сопствени токени на блокчејнот преку ICO. Овие токени или, исто така, монети се дигитални средства кои им даваат на своите сопственици одреден сет на бенефиции или права врз основа на нивната намена. Некои монети овозможуваат пристап до нова услуга или платформа за стартап, други имаат security карактеристики. Главната придобивка од прибирањето финансиски средства е достапноста на светски басен на инвеститори – речиси секој со интернет конекција е способен да учествува во ICO.

Бројките сигурно не лажат – речиси преку 6 милијарди долари беа собрани преку ICO во 2017-та и 2018-та година. Интересот не изгледа како да исчезнува, бидејќи горенаведениот број и покрај падот на пазарот изгледа како да ќе биде надминат и годинава.

Дигитални плаќања

Употребата на криптовалути го отвора патот кон дигиталните плаќања низ целиот свет. Современи средства за трансакција, особено во прекугранична средина често доаѓаат со незгодни дополнителни трошоци. Покрај тоа, во просек потребни се два работни дена за една меѓународна трансакција да биде завршена со помош на автоматизирана клирингшка куќа. Преку употребата на блокчејн трансакциите, трошоци се доведуваат до минимум и просечното време на чекање се сведува на само неколку минути. За да биде појасно, за Litecoin трансакција вредна околу 99 милиони долари минатата година трошоците чинеле 0,40 долари и траела помалку од три минути. Ова не е шега, проверете и сами!

Во помалку развиените земји, луѓето најчесто немаат пристап до банкарска инфраструктура. Директната трансакција во рамки на блокчејн е огромна иновација за таквите региони што овозможува нивно вклучување во глобалната економија.

Паметни договори

Блокчејн овозможува создавање на договори кои сами се извршуваат и се отпорни на грешка. Да речеме дека сакавте да се обложите 100 долари за победникот Лигата на Шампионите, Реал Мадрид минатата година. Вашиот пријател Боб е лош навивач на Ливерпул и избра да се обложи против вас. Се ракувате и имате договор кој е услов за тоа кој ќе победи. Мадрид, на еден или друг начин, заврши со освојување на трофејот, но Боб одеднаш нигде го нема.

Со паметен договор, последиците од таков немил настан се избегнуваат – откако играта ќе заврши и има јасен победник, системот може сам да се изврши со примена на достапните информации за спецификите на договорот. Резултатот: автоматски трансфер од 100 долари од сметката на Боб на вашата.

Управување со снабдувачки синџири

Иако веќе постои разновиден софтвер за следење на стоки од местото на потекло до крајниот потрошувач, ризиците од нелегална трговија  и измама се големи поради ограничената транспарентност. Блокчејн го решава овој проблем со создавањето на непроменлив запис кој ги содржи сите потребни податоци за да се открие вистинскиот автентичен извор на производот. За трговците на мало, ова значи голема заштеда на трошоците и ефикасност. Потрошувачите за возврат добиваат гаранција за квалитетот на производот кој го купиле. Еден конкретен пример за практична примена на ова решение е Everledger – стартап кој гради глобален дигитален склад кој може да го следи производот во текот на целиот негов животен век.

Гласање

Сигурно сакате да го дадете својот глас како вреден дел од општеството, но тоа понекогаш може да биде вистинско вознемирување со оглед на тоа што процесот на гласање не се променил со векови во повеќето места. Можеби ве нема на список, можеби треба да чекате во редица … досадно, нели? Исто така тука се скандалите во врска со наводно лажирани избори. Некој го пробил централниот сервер со гласачките податоци и ги променил резултатите. Закана од обелоденување на изборот на гласачите и скандалозни учествувања на малолетници и починати личности. Да не правиме муабет за процентот на гласачкиот одзив кој понекогаш изнесувал над 100%.

Со помошта на блокчејн, владите (во идеално демократско сценарио) можат да ги потврдат и заштитат идентитетите на гласачите во случај да сакаат да останат анонимни. Непроменливоста на главниот ledger, од друга страна, го ублажува ризикот од промена на конечните резултати. Згора на тоа е зголемена веројатност за повисоки одѕиви, бидејќи целиот процес може да се направи со едноставен клик на глувчето или допир на екранот.

Децентрализирано и безбедно чување и складирање на податоци

Традиционалните начини на чување на податоци користат централизирана ledger каде што сите информации се натрупуваат во еден централен сервер. Ова предизвикува голем број на ризици во врска со пристапот и безбедноста на податоците. Централизирано складирање е значително повеќе склоно кон хакерски напади отколку неговиот децентрализиран партнер и никогаш не знаете на кого вашите лични податоци се достапни. На блокчејн, податоците истовремено се зачувуваат на повеќе компјутери, а манипулацијата од трети лица е речиси невозможна. Ваква иновација оддамна се бара во контекст на сопственоста на средствата во дигиталната ера.

Усогласеност и ревизија

Трошоците за законска усогласеност и ревизија за компаниите се зголемуваат секоја година. Блокчејн го менува сето ова преку подобрување на ефикасноста во собирањето на корпоративните податоци и извештаите. Со оглед на тоа што информациите во рамките на блокчејните се поделени со сите, внатрешните ревизии лесно се пренесуваат помеѓу бизнисите и регулаторите, што резултира со значителни заштеди на трошоците и времето. Истото важи и за поголемите мултинационални компании кои можат да ја искористат технологијата со синхронизирање на нивните внатрешни евиденции и да ги направат достапни со секој поврзан оддел на која било географска локација.

Слично на тоа, проверките за Know-Your-Client (KYC) и за спречувањето на перење пари (AML) може да бидат значително подобрени. Овие процеси обично се прилично обемни и бараат од корисниците да направат неколку чекори кои можат да бидат досадни и одземаат многу време. Дистрибуираното складирање на блокчејн им овозможува на претпријатијата поефикасно да ги соберат информациите и можеби дури и да соработуваат меѓусебно преку размена на нивните податоци. Регулаторите, од друга страна, можат да ги надгледуваат информациите и да ги следат назад кон нивниот оригинален извор.

Способностите на блокчејн не се ограничени само на горенаведените области. Иновативните стартапи од целиот свет ја користат технологијата за креативно решавање на сите проблеми. Ова поле не е близу до стадиум на зрелост и сите ние знаеме дека се уште ја гледаме само површината. Сепак, некои проекти покажуваат големо долгорочно ветување. Effect.AI, на пример, е креирана да ја демократизира вештачката интелигенција преку градење на најпристапната и лесна за користење децентрализирана AI мрежа на блокчејнот на NEO. Во моментов се наоѓа на бета тестирање, и главната цел на мрежата е да го промовира глобалниот развој на AI и да го стимулира создавањето на AI услуги со отворен код.

Leave a comment