Блокчејн и AI го водат патот кон четвртата индустриска револуција

Човечката имагинација и стремежот да ја претворат научната фантастика во научни факти се случувало уште од древни времиња, но вистински почна да се манифестира во последните 50 години. Иако најчесто невидлива од просечните корисници, вештачката интелигенција (AI) е веќе длабоко навлезена во основните процеси на кои луѓето се навикнати.

Блокчејн технологијата дојде на главната сцена на ист начин како AI, преку долг процес на развој полн со испитувања, неволји, незнаење и триумфи на скептиците и критичарите.

Потенцијалот за примена на блокчејн не е помалку обемен отколку што е за АI – и денес, овие технологии по својата природа се повеќе комплементарни отколку конкурентни. И АI и блокчејните работат на принципот на анализа на огромни количини на податоци и решавање на проблемите на специфични индустрии. Исто како што АI ги најде своите намени во fintech секторот како агрегатор на податоци и одредувач на автоматски решенија, така започна и блокчејн со неговата инфилтрација во областите на примена, каде што неговите својства можат да бидат од најголема употреба.

Во непознатото

Општеството сега влегува во она што е познато како Четврта индустриска револуција. Но, за разлика од првите три, кои беа засновани на примена на машини за рационализација на средствата за масовно производство преку пристап до дигитални информации, новиот бран на технолошкиот напредок ветува дека ќе биде револуција на автоматизација, наместо вклучување на маси на луѓе што се потребни за одржување на индустриски процеси.

AI и блокчејн може да станат лидери на Четвртата Индустриска Револуција, бидејќи тие можат да дозволат вештачки конструкции и програми да извршуваат огромен број задачи кои претходно бараа човечки труд и имаа висок ризик од грешка. Според една студија спроведена од истражувачите од PwC во 2018-та година, 30 отсто од работните места може да се автоматизираат до 2030-тите години, при што 44 проценти од работниците со низок степен на образование се изложени на посебен ризик. Но, во извештајот е наведено дека автоматизацијата може да помогне на бруто домашниот производ (GDP) на една држава да достигне неколку стотици милијарди долари до 2030та година.

Основа на модерниот свет во позадина е big data, фактор кој ги обединува блокчејните и АI во нивните намени.

Современиот свет произведува неверојатни количини на информации кои треба да се обработуваат. Бидејќи информациите што се произведуваат се од бескрајна разновидност на теми, физички не постои човечка работна сила способна да анализира такви огромни количини на податоци. АI може да анализира големи количини на податоци и блокчејн може да послужи како непроменлива основа за безбедно чување на овие податоци за употреба од разни индустрии, бидејќи Четвртата индустриска револуција е повеќе како напредок во обработката на податоци.

Меѓусебно надополнување

Со тоа што може непрекинато да ги анализира податоците под строг протокол потребен за постигнување на посакуваните резултати, AI го води патот, дозволувајќи им на податоците да бидат правилно распределени и споделени. Овој суштински атрибут го автоматизира секојдневниот процес и се важи како еден од главните квалитети на АI во смисла на ефикасност.

Виталната компонента на блокчејн од друга страна пак, е тоа што се осигура дека податоците се раководат пво средина што е безбедна од надворешни пречки, како и манипулирање со сопственоста и секвенцата на податоците. Ова е она што може да го надополни AI и да го реши проблемот со довербата со кој се соочуваат многу луѓе. Земете го како пример, неодамнешниот скандал што го зафати Facebook, кога личните податоци од над 50 милиони корисници на социјална мрежа беа собрани од Cambridge Analytica преку алгоритам кој ги таргетираше гласачите за време на американските избори.

Пол Ли, ко-основач и извршен директор на Mind AI, платформа со погон на АI, верува дека блокчејнот игра суштинска улога во процесот на децентрализирање на управувањето со податоци:

“Ние не ги гледаме AI и блокчејн како две одделни, некомпатибилни технологии, туку како две технологии кои можат многу добро да се надополнуваат една со друга. Светот на АI е трка, при што големите интернет гиганти го водат напредокот со своите навидум неограничени ресурси, посебно податоците. Овие корпорации собираат податоци од своите корисници во централизирана база на податоци. Податоците се поседувани и се користат од страна на овие компании за свои сопствени интереси и цели, додека корисниците кои ги обезбедиле податоците остануваат со празни раце. Ова, исто така, создава нееднаквост во трката за развој на АI технологијата, бидејќи податоците се примарното гориво што ги напојува најсовремените AI системи. Ова може да биде штетно за човештвото, бидејќи АI технологијата е исклучително моќна.”

И покрај тоа што користењето на АI за собирање на лични информации стана најчестиот начин да се користи оваа технологија, блокчејнот може да помогне во промена на репутацијата на АI со зачувување на АI механизми кои обработуваат податоци на дистрибуиран регистар. Во исто време, користејќи приватни и јавни клучеви, самите корисници одредуваат на кого треба да им се даде пристап до нивните лични податоци. И за оние кои сакаат и понатаму да си ги заштитат личните информации од трети страни, блокчејните со помош на АI можат да обезбедат децентрализирана идентификација.

САД, ОАЕ и Малта ja водат револуцијата

На еден или друг начин, сè зависи од одобрувањето на регулаторите и властите во врска со усвојувањето на било каков вид на технологија. Без разлика колку е иновативна технологијата, прво треба да ја докаже својата вредност за просечните луѓе да можат да имаат профит од нејзе. И затоа владите размислуваат за можностите што ги нуди АI – веќе докажана и ефективна технологија – и нејзиното спојување со блокчејн, што сé уште бара значително истражување.

Владата на САД веќе води по издавањето на Американска AI иницијатива која ќе ги олесни вложувањата во АI и истражувањата на технологии кои се поврзани со неа. На 11-ти февруари, администрацијата на Трамп објави дека претседателот потпиша извршна наредба со која ги повикува федералните владини управни тела да ги распределат потребните ресурси и работниците да се прилагодат на AI ерата. Иницијативата ги документираше долготрајните планови на Трамп за AI иднината . Во мај 2018-та година, Белата куќа одржа состанок посветен на АI, со над 30 големи компании од голем број индустрии – вклучувајќи ги и Ford, Boeing, Amazon и Microsoft- во кој официјалните лица ветија дека нема да го спречат развојот на AI технологијата со создавање на регулативи.

Обединетите Арапски Емирати се веднаш позади САД, со лансирање на Националната програма за АI и блокчејн на 28-ми ноември 2018-та година за обезбедување универзитетски курсеви и стипендии за АI и блокчејн технологија под надлежност на Министерството за образование. Иновацијата ја надополни стратегијата на ОАЕ за вештачка интелигенција, која има за цел да ја претвори земјата во водечка сила во усвојувањето на АI до 2031-ва година.

Малта се обидува да ја преземе водечката улога во овој храбар нов свет на технолошките трки, како што се стреми да стане “Блокчејн Остров” и “врвна AI нација”. Малтешката влада го објави лансирањето на иницијативата наречена “Malta.ai”, создавајќи пријателски услови за компаниите кои развиваат AI решенија.

Конечно, Индија, со својата моќна економија за електрична енергија, започна со иницијативи насочени кон подобрување на својот енергетски сектор користејќи АI и блокчејн. Владата создаде специјален комитет за спроведување на национална AI програма која има за цел да им помогне на стартапите и капиталните фондови за спроведување на истражувања поврзани со технологијата. Земјата, исто така, најави партнерство со Русија за соработка во користењето на блокчејн и AI технологии на Стратешкиот економски самит, што се одржа во Русија во ноември 2018-та година. Двете земји се согласија да ги зголемат двонасочните инвестиции во високотехнолошкиот сектор до 30 милијарди долари до 2025-та година.

Случаеви на употреба

И покрај фактот дека блокчејн и АI се чини дека се неспоиви на прв поглед – првиот се базира на принципот на децентрализирано складирање на податоци, а вториот им овозможува на информациите да бидат концентрирани во рацете на централизирани корпорации – денес компаниите научиле да ги комбинираат овие две во нивните процеси.

Новите мрежи кои комбинираат АI и блокчејн имаат за цел да го направат машинското учење транспарентно и помалку пристрасно, вели Џереми Епштајн, шеф на Never Stop Marketing.

Денес, индустриските лидери ја решаваат нетривијалната задача за комбинирање на две технологии со цел да се зачува приватноста на корисничките податоци и да се постигне поголема автоматизација во сложените аналитички процеси.

DeepSee, медиумска платформа, се стреми да обезбеди решение за проблемот со лажни вести и да стане децентрализирана алтернатива на Reddit, YouTube, Medium и Twitter. Во исто време, DeepSee, ги користи истите машински механизми за учење што ги користи Facebook, но ги пренесува на доверлива блокчејна платформа која гарантира транспарентност за подесувањата за приватност, како и наградување на корисниците за висококвалитетни содржини на сличен начин како Steemit.

Во здравствениот сектор, безбедноста на личните информации е од најголемо значење. Компанијата “Deep Mind”, која работи на AI, купена од Google, веќе користи блокчејн за подобро да ги заштити здравствените податоци на корисниците. Во февруари, Neuromation, исто така, влезе во здравствениот сектор, склучувајќи партнерство со Longenesis, децентрализиран пазар на лични податоци.

Од друга страна, Longenesis има намера да им обезбеди на поединците контрола врз сопствените лични податоци и можност да го монетизираат ова со пренесување на одредени податоци до корпорации, истражувачки институти и медицински установи. Ваквите податоци ги вклучуваат не само медицинската историја или генетскиот профил, туку исто така, на пример, резултати од тестови. “Нашата цел е да создадеме нова економија управувана од податоци”, изјави Александар Жаворонков, главен научник на Longenesis Limited.

Уште една употреба на блокчејн во услуги базирани на АI се испитува од Mind AI и SingularityNet. Компаниите користат децентрализиран регистар за да ги наградат корисниците. Mind AI, компанија која измислила AI базирано решение со цел да се постигне мисловно ниво на човек, го искористува влијанието на блокчејнот за да го направи целиот мисловен процес транспарентен за просечните луѓе. Како платформа со отворен код, Mind AI ги наградува своите учесници со токени за додавање на вредност во онтолошката база на податоци на платформата. Благодарение на механизмот за расудување со помош на АI и внесувањето на онтологии од страна на заедницата, Mind AI може да размислува како вистински човек, без да бара големи количини на податоци. Ли, ко-основач и извршен директор на платформата, верува дека блокчејн во AI решенијата го подобрува начинот на кој податоците на корисниците се заштитени и се користат за придобивки на заедницата:

“Ние веруваме дека блокчејнот обезбедува основа за создавање на [sic] АI системи кои се транспарентни, децентрализирани и корисни за многумина, наместо на само неколку.”

“Без онтологии, Mind AI е како автомобил без гориво. Го поделивме изворниот код на АI-моторот и онтолошката база на податоци за да се осигураме дека сопственоста на нашата технологија не е централизирана. Онтологиите ќе бидат собрани и складирани во дистрибуиран систем за складирање, со користење на блокчејн, а придонесувачите на онтологиите ќе бидат сопственици на податоците. Заедницата има контрола врз податоците, добиваат награда кога нивните податоци се користат, и имаат удел во тоа како се користат неговите или нејзините податоци.”

Тој, исто така, ги наброја и предизвиците со кои може да се соочат при развивање и управување со такви сложени платформи:

“Еден од главните предизвици со дизајнирање таков систем е прилагодување кон постојано и брзо менување на технологиите во блокчејн просторот. Постојат неколку ветувачки технологии што би сакале да ги искористиме, но повеќето се само во концептуална фаза. На пример, ние постојано го бараме најдобриот дистрибуиран систем за складирање кој може да обезбеди соодветна брзина, безбедност и количество на податоци што ни се потребни. Централизирано, локално складирање во овој момент ќе биде генерално, многу побрзо и многу посилно од дистрибуираното складирање. Моментално достапните блокчејн платформи можеби немаат соодветна TPS (трансакција во секунда) […].”

SingularityNet ги наградува корисниците со токени секој пат кога некој го користи нивниот предложен AI модел, со што му овозможува на секој да ги монетизира AI алгоритмите и им овозможува на компаниите и девелоперите да купуваат и продаваат AI по мера.

Во едно интервју Бен Гоерцел, извршниот директор на SingularityNet и претседател на Друштвото за вештачко генерално разузнавање, објасни како двете технологии можат да се искористат да се социјализира AI индустријата:

“Ако имате глобална децентрализирана мрежа и ако го ставите таму вашиот АI да секој може да пристапи до него, а потоа да го употреби на начин кој го поврзува со други АI алатки што се таму, тоа би можело да обезбеди начин луѓето да го монетизираат она што веќе го направиле, без да мора да одат по моменталниот стандарден пат за создавање на стартап и продажба на стартапот на Google или Amazon или нешто слично.”

Во периодот на промени

Револуцијата, како што подразбира терминот, е комплетен пресврт на настани околу фокусна точка, што води до нова етапа или фаза. Со технологиите, револуциите вклучуваат различни промени во секојдневниот живот. Но, обединувачкиот фактор на сите револуции е стремеж за подобрување и ефикасност.

Експертите предвидуваат дека до 2021-ва година, блокчејн пазарот на технологии ќе се зголеми на 2,3 милијарди американски долари, а инвестициите во АI ќе пораснат до 52,2 милијарди долари. Со оглед на тоа што инвестициите во АI и блокчејн растат, се повеќе и повеќе глобални компании – вклучувајќи ги и Microsoft, Dell и Porsche – трошат пари за нивно истражување и тестирање. Фред Ершам, ко-основач на крипто берзата Coinbase, предвиде дека би можело да помине доста време за овие системи да се докажат и да ги прикажат резултатите во пракса, но дека откако ќе се случи ова, ќе ја зајакнат демократизацијата на индустријата.

Leave a comment