Блокчејн игра им овозможува на играчите да градат вселенски бродови и да купуваат виртуелни планети со крипто

0xGames блокчејн девелоперот за игри, го најави продолжувањето на својата популарна блокчејна 0xUniverse игра. 0xUniverse: Battleships – или 0xBattleships накратко – беше развиена заедно со HeroCraft. Оваа компанија има 16 години искуство развојот и објавувањето на игри за iOS, Android и Windows Phone уреди, како и за компјутер и социјални мрежи. Со седиште во Русија, HeroCraft има светска дистрибуција на 15 јазици.

Нови карактеристики на играта

0xUniverse е игра која е поддржана од блокчејнот Ethereum. Во првиот дел, објавен кон крајот на јуни 2018-та година, играчите се охрабруваат да бидат вселенски истражувачи, да колонизираат планети во 3D-рендерирана галаксија. Тие можат да ги истражуваат планетите или да ги купат со помош на блокчејн технологијата. 0xBattleships доаѓа со нов предизвик. Овој пат, играчите треба да ги заштитат жителите на виртуелната Галаксија од нова закана – мистериозниот култ на Void God, познат по својата злокобност.

Отпорот кон непријателот бара играчите да изградат свој моќен воен брод со различни модули кои се складирани на блокчејнот. Модулите, кои се непроменливи токени, се најважниот дел од играта. Играчите можат да поседуваат ласери, force штитови, физички оклопи, енергетски генератори, мотори, итн – можат да ги продаваат или купат од други играчи на аукција.

Blockchain галаксија како деби креација

0xGames се појави со дебитантската игра 0xUniverse во јуни 2018-та година. Интернационалниот тим се собра во ноември 2017-та година. Неговите членови веруваа во добра перспектива на блокчејнскиот пазар за игри, па почнаа да развиваат сопствен производ: 0xUniverse – нова игра базирана на smart contracts. Беа потребни шест месеци за да се создаде блокчејна галаксија пред да биде подготвена за лансирање на почетокот на јуни. Сепак, 0xGames тврди дека бета тестирањето на Rinkeby привлече внимание на многу корисници на играта. Поради големиот интерес и многубројните барања на посветени обожаватели, 0xGames се согласија да го одложат лансирањето на 0xUniverse и да отворат предпродажба за планетите, велат од компанијата. Играчите купија 223 (67%) од планетите на аукција, најголемата набавка беше повеќе од 8.000 долари.

Според планот откриен во јуни 2018-та година, 0xGames планира да ја развие својата блокчејна галаксија и да создаде повеќе игри базирани на 0xUniverse, правејќи цела серија.

Историјата на крипто-игрите

Крипто-базирани игри добија на внимание по лансирањето на CryptoKitties во ноември 2017-та година. Оваа игра базирана на блокчејн, популаризираше крипто-колекционерски предмети – специјални дигитални средства. На играчите им беше понудена употреба на блокчејнот Ethereum за тргување и докажување на нивната сопственост на титуларните crypto-cats. CryptoKitties инспирираше други девелопери на игри, вклучувајќи ги и 0xGames, да работат на сопствени производи базирани на истата технологија. Како резултат на тоа, неколку месеци подоцна, околу 70% од сите Ethereum DApps беа слични едни на други.

Сепак, крипто-базираните игри имале историја пред да биде лансирана CryptoKitties. Првата “крипто-игра” беше Dragon’s Tale, која беше лансирана во јули 2013-та година. Во Dragon’s Tale, играчите можеа да го користат вистинскиот Биткоин како влог и виртуелен чип за коцкање.

Уште еден ран обид на крипто-игра беше Huntercoin (2013), кој користеше блокчејн технологија Namecoin. Играчите можеа да ја фармаат  криптовалутата во играта со наоѓање на нејзините монети. И Huntercoin и Dragon’s Tale покажаа дека игрите може да работат и без контрола од централизиран сервер.

Вистинскиот пробив на крипто-игрите се случи во 2017-та година, кога беше пуштена во употреба стратешката игра Beyond the Void. Го употреби блокчејнот на Ethereum за да ја води сопствената криптовалута Nexium (NXC) – онаа што подоцна ќе стане популарна поради CryptoKitties.

Leave a comment