Блокчејн за почетници

Вие веројатно сте запознаени со блокчејн технологијата и како таа брзо го револуционизира светот како што го познаваме. Но, дали навистина разбирате што е всушност тоа и како функционира? Постои голема возбуда околу блокчејн затоа што ја има способноста да биде следната најголема работа на интернетот. Еве што е блокчејн и зошто толку многу се зборува за него во технолошкиот свет.

Што е блокчејн?

Најлесен начин да се разбере блокчејнот е да се мисли за тоа како целосно транспарентен и постојано апдејтиран запис за размена на информации преку мрежа на персонални компјутери, систем кој никој не го поседува целосно. Ова го прави децентрализиран и исклучително тешко за било кој да проба да го хакне или да го корумпира системот, при што гарантира целосна валидност и доверба во секоја размена на информации. За да бидеме поконкретни, блокчејната мрежа користи криптографија за да ја евидентира секоја трансакција во хронолошки “блокови” и да се осигура дека таа не може да се промени или оштети. На овој начин, секој може да ги пронајде информациите за секоја размена без да има пристап до лични информации.

Помислете на блокчејн технологијата како вид на оперативен софтвер, како што е MacOS или Windows, што би ги направило криптовалутите едни од многуте апликации кои можат да работат на таа мрежа. Без придружната блокчејн технологија, криптовалутите немаше воопшто да постојат! Да резимираме, криптовалутите и блокчејн технологијата се два многу посебни ентитети кои генерално се погрешно протолкувани од многу луѓе кои не се добро обучени за крипто терминологијата. Блокчејн е основната мрежа која им овозможува на криптовалутите да постојат, но она што ја прави технологијата толку револуционерна, всушност е нејзиниот потенцијал за значително подобрување на сите видови индустрии надвор од само финансиите.

Совет: Ако сакате да ги разберете сите технички и конкретни детали за тоа како работи блокчејн технологијата, проверете колку што е можно повеќе информативни видеа. Читањето за нешто што е комплицирано како ова можеби не е доволно, бидејќи анализата на оваа технологија со визуелна помош ќе ги пополни празнините што може да биде тешко да се пополнат преку само читање за неа. Откако ќе почувствувате дека сте го совладале, обидете се да му објасните на вашиот пријател. Поучувањето на концептот на некој друг е всушност еден од најдобрите начини да го совладате.

Зашто е блокчејн важен?

Во денешното општество, блокчејн има потенцијал да потресе и револуционизира многу индустрии. Од подобрувањето на дигиталните средства – имено криптовалутите – до заштита на гласачите од измама и напредокот во синџирот на набавка, блокчејн технологијата може да послужи како решение за многу проблеми во различни индустрии ширум светот. Она што го прави ова толку возбудливо е дека тоа е само почеток на она што навистина може да биде иднината на технологијата. Евиденцијата за секоја потврдена трансакција, инаку позната како дистрибуиран ledger, обезбедува децентрализирана платформа за размена која не бара никаков посредник како на пр. владата.

Во моментов, интернетот функционира како платформа за размена на информации во форма на видеа, веб-страници, електронски пораки и друго. Следниот чекор во напредокот на интернетот е размена и пренос на средства со уште поголема вредност како пари, акции, па дури и договори. Ова е местото каде што блокчејн влегува во игра и го олеснува ова напредување на технологијата, ја зголемува ефикасноста на трансакциите и други услуги како превозот и испораката. Секаков вид на институција или услуга која функционира во области подложни на висока измама лесно може да ги види придобивките од имплементацијата на блокчејн технологијата, што ја прави многу повеќе вредна отколку што првично се мислеше.

Совет: Не го поврзувајте секогаш блокчејн со крипто! Блокчејн има потенцијал да влијае на многу повеќе индустрии отколку само на финансии, и повеќето луѓе кои не се разбираат само ќе ги поврзуваат овие две. Секој кој навистина го разбира блокчејн, ќе дискутира за неговиот потенцијал да го промени начинот на кој правиме многу работи како гласањето или па дури и нарачките.

Кој го користи моментално?

Иако се уште е релативно нова, блокчејн технологијата е имплементирана во различни индустрии ширум светот. Најпопуларниот дел од овие усвојувања се криптовалутите, почнувајќи од креирањето на Биткоин во 2009-та година. Од тогаш, блокчејн се појавува во сите видови простори, вклучувајќи ја сајбер-безбедноста и владите, додека се уште ги подобрува сопствените способности и технологии.

Всушност, би биле сосема изненадени од растечката листа на корпорации кои почнуваат да ја користат блокчејн технологијата. Компаниите, меѓу кои Walmart, British Airways и UPS-от, се дел од бизнисите кои веќе ја имаат воспоставено блокчејн технологијата во нивниот синџир на набавки за подобро надгледување и следење на нивните производи. Бидејќи се поголем број истакнати компании почнаа да ја прифаќаат блокчејната технологија, само е прашање на време пред да стане составен дел од ефикасната и корисна технологија на иднината.

Блокчејн технологијата е се уште нова иновација која има многу простор за развивање. Од она што го видовме досега, многу препознатливи бизниси ја искористуваат пред да биде касно – само уште еден показател за ветувачка иднина. За сега, продолжете да ги разбирате нејзините способности со следење на иновациите и кој ја користи, бидејќи дур да трепнеме, блокчејн технологијата ќе го револуционизира светот.

Leave a comment