Блокчејн еволуции во Швајцарија: Гласање и банкарство

Неодамна, голем дел од вестите поврзани со криптовалути и блокчејн известуваат за нивниот развој во Швајцарија. Оваа земја, која е широко позната во финансискиот свет за своите издржливи финансиски услуги и за приватноста дадена на клиентите од банките, сега е дом на Крипто Долината (Crypto Valley), која се наоѓа во Цуг.

Со конференции и настани кои процутеа низ годините, Крипто Долината се смета за еден од најважните центри за среќавање на експерти, инвеститори за да разменуваат идеи и информации. Во овој контекст, со помош на Швајцарската влада, беше формирано Crypto Valley Association, со цел да биде “независно здружение поддржано од владата, основано за целосно искористување на предностите на Швајцарија за изградба на водечки и светски екосистем за блокчејн и криптографски технологии”.

Развој на финансиските системи

Не беше изненадување што една Швајцарска банка неодамна одлучи да стане прва во земјата која им нуди деловни сметки на крипто-компаниите. Швајцарските банки отсекогаш биле познати по нивната ориентација кон клиентите, кои во минатото главно биле поврзани со приватноста и тајноста околу банкарските сметки на клиентите. Денес, како што се повеќе и повеќе Швајцарци се заинтересирани за светот на криптото – и како инвеститори и како основачи на стартап – банкарските производи се во процес на приспособување.

Пазарот за инвестирање ги развива своите понуди преку вклучување на криптографски средства помеѓу производите кои ги нудат на нивните клиенти. Swissquote, една од поважните банки во земјата, им обезбедува на своите клиенти широк спектар на услуги за крипто-тргување, бидејќи, како што потврди извршниот директор на компанијата, Марк Бурки:

“Криптовалутите стануваат се повеќе популарни, побрзо отколку што било очекувано. Со тоа што ги нудиме на нашата платформа, инвестирањето во криптовалути станува поедноставно, побезбедно и достапно за сите.”

Vontobel и Falcon Bank, две приватни Швајцарски банки, веќе се познати меѓу кредиторите дека се согласуваат да се справат со криптовалутните инвестиции во името на своите клиенти.

Крипто-претприемачите, исто така, земаат свој замав во земјата, бидејќи многу ICOs се иницирани во Швајцарија. Ова опкружување е поттикнато од континуираните интервенции и појаснувања од страна на националниот надзорен орган за финансиски пазари (FINMA). Неодамна, оваа институција објасни некои клучни правила во врска со ICO и како да се третираат генерираните токени врз база на нивната основна функција:

  • Токени за плаќање (синоним на криптовалути): Токени кои се наменети да се користат – сега или во иднина – како средство за плаќање и за стекнување на стоки или услуги, или како средство за трансфер на пари или вредност, за кои FINMA бара од ICOs да се придржуваат до Законот за спречување на перење пари.
  • Услужни токени: Токени кои се наменети да обезбедат дигитален пристап до некоја апликација или услуга со помош на инфраструктура базирана на блокчејн, за кои FINMA појасни дека важат одредбите за хартии од вредност на девизниот декрет (SESTO).
  • Имотни токени: Токени кои претставуваат средства како што е барање на долг или капитал на издавачот. Вредноста на имотот, на пример, претставува удел во иднината на приходите на компанијата или идните капитални текови. Слично на претходната категорија, FINMA појасни дека и за нив се применуваат регулативите за хартии од вредност на девизниот декрет (SESTO).

Овој збир на правила има за цел да им обезбеди на учесниците на пазарот да ги базираат своите одлуки за инвестирање на сигурен минимален сет на информации.

Блокчејн како алатка за гласање: Швајцарските референдуми

Швајцарија е исто така широко позната по интензивната употреба на референдуми како инструмент за директна демократија, како за националните, така и за кантонските (т.е. регионалните) одлуки. Во 2016-та и 2017-та година, во земјата се одржаа вкупно седум референдуми на теми како што се енергетика, безбедноста на храната и пензискиот систем. Гласањето е веќе возможно преку пошта, интернет и на избирачки места.

Во моментов, блокчејн влегува во игра во овој домен. Во Крипто Долината, градот Цуг им дозволи на жителите да земат учество во тест-гласањето, кое се одвиваше од 25-ти јуни до 1-ви јули, бидејќи овој Швајцарски град проценува дали технологијата може да се користи во поширока смисла. Покрај гласањето за помали општински прашања, граѓаните исто така беа запрашани дали треба да се користи блокчејн-систем за електронски лични податоци за идните гласови. Тестот се покажа како успешен.

И покрај фактот дека гласањето во Цуг беше само тест, а резултатите не беа обврзувачки за градските власти, оваа иницијатива покажува како безбедноста и следењето на трансакциите преку блокчејн може да обезбеди придобивки, не само за финансискиот сектор, туку и за многу други домени, вклучително и јавниот сектор.

Инфраструктурата на дигиталните средства

Финансискиот и јавниот сектор не се изземени од развојот на блокчејн-технологијата во смисла на зголемување на одговорноста и следењето на информациите. Во неодамнешниот говор, Швајцарскиот сојузен советник Јохан Н. Шнајдер-Аман ја сподели својата визија:

“Ние мора да го обликуваме овој нов свет заедно – со оптимизам и храброст, но и со внимателност и размислување. Ако успееме, блокчејнот може да обезбеди нови можности, нови работни места, нови нивоа на безбедност и нов просперитет .”

Згора на тоа, Swiss Infrastructure and Exchange (SIX) Group, матичната компанија на Швајцарската главна берза објави дека гради целосно интегрирана трговска затворена инфраструктура за дигитални средства. Швајцарската берза е целосно регулирана како оператор на Финансискиот инфраструктурен пазар (FMI) од Швајцарските власти, FINMA и Швајцарската национална банка, и има намера планираниот “екосистем за дигитални средства” да стане реалност. Џош Дијселхов, извршен директор на Швајцарската берза, изјави:

“Ова е почеток на една нова ера за инфраструктурите на пазарниот капитал. За нас е многу јасно дека голем дел од она што се случува во дигиталниот простор е тука за да остане и ќе ја дефинира иднината на нашата индустрија.”

Пјер-Едуард Вал, блокчејн шефот во PwC Switzerland, ја сподели неговата оптимистичка визија за чекорите на Швајцарската берза кон крипто-тргувањето:

“Ние сме биле вклучени во тој проект и сме многу горди да бидеме партнери на SIX во оваа нова авантура. Се надеваме дека тоа ќе има влијание не само на Швајцарските финансии, туку и на глобално ниво. Се надевам дека ќе следат и други јурисдикции. Навистина сме возбудени поради тоа, мислиме дека дефинитивно ќе обезбеди многу полесен пристап до институционалните инвеститори. “

Швајцарија историски ја покажа вистинската рамнотежа помеѓу иновациите, одговорноста, приватноста и безбедноста. Со развојот на употребата на блокчејн во приватниот и јавниот сектор и креирањето на Крипто Долината сите овие докажуваат дека овие квалитети се се уште таму.

Leave a comment