Блокчејн дроновите летаат таму каде што нема патишта

Метална рамка со четири мали и два големи пропелери – носи контејнер со големина на фрижидер – се крева во воздух со бучава, лебди над празен пат среде снежни полиња.

Ова видео беше снимено на аеродромот во близина на рускиот град Казан, кој се наоѓа на југоисточниот дел на Москва, а машината е дрон SKYF, дизајнирана од тим од руски воздухопловни инженери.

Според неговите креатори, дронот може да носи до 880 килограми, да патува до 220 милји и да работи до 8 часа. И сè што ќе се случи со овие беспилотни летала ќе биде снимено на  блокчејнот на проектот, SKYFchain.

Тимот на SKYF се обидува да се вклопи во брзо растечки екосистем, при што PwC го вреднува новиот глобален пазар за дронови со над 127 милијарди долари во 2016-та година. Од денес, дроновите можат да носат мали предмети, но тимот на SKYF има за цел да отвори сосема нов пазар за тешки товарни беспилотни летала.

Идејата е тие да служат за повеќе цели, како што се доставување големи количества товар, борба против пожари и прскање со инсектициди и ѓубрива на земјоделско земјиште.

SKYF е дефинитивно руски проект. Беспилотните летала се произведуваат во земјата од страна на OKB Aviareshenia Ltd, подружница на британскиот ентитет ARDN Technologies. Двата ентитета беа основани од истиот тим на инженери и технолошки претприемачи: Александар Тимофеев и Илја Родин – партнери на Фондот за вложување на FPI – инженерите Дмитриј Арсентиев, Марат Сабиров, Наил Зинуров и други.

За финансиска поддршка на проектот, тимот одржува ICO. Во февруари Skyfdrones Services OU, компанија регистрирана во Естонија од страна на Александар Тимофеев, ја регистрираше продажбата со токени со U.S. Securities and Exchange Commission под дозволата Form D (Правило 506 (в)), изјавувајќи дека целта е да се соберат 30 милиони долари.

Неодамна, овој план беше прилагоден – до сега, проектот успеа да подигне околу 6 милиони долари, и тие планираат да соберат околу $ 500,000 повеќе пред крајот на ICO. Тимофеев изјави дека 45% од средствата ќе бидат потрошени за истражување и развој.

Доверена испорака

Според Илја Родин, шеф на менаџментот на SKYF, употребата на блокчејн во овој контекст е насочена кон создавање на доверлив слој помеѓу засегнатите страни, вклучувајќи ги и интересите на јавниот и приватниот сектор.

“Потребен ни е блокчејн за да создадеме доверба меѓу колегите: банките, лизинг и осигурителните компании, производители и корисници на дронови, владини агенции, тела за лиценцирање, саморегулаторни организации и така натаму”, изјави Роден.

Идејата е дека податоците кои се чуваат ќе опфатат разни информации за дроновите. Ова ги вклучува информациите за тоа кои лиценци ги поседуваат производителите, патеките за летање на дроновите, нивните перформанси и податоци за луѓето кои ги работат.

“Дроновите се нова работа, банките не знаат како да ги проценат и да ги пресметаат каматните стапки за нив и како да ја следат нивната употреба”, додаде Олга Будник, директор за односи со јавноста на ARDN. “Па, тие повеќе би сакале да го одрекнат кредитот или договорот за лизинг, отколку да преземат ризик. И ние им даваме алатка која ќе го следи целото животно траење на дронот.”

Идејата за овој стартап дошла во 2014-та година, кога Дмитриј Арсентиев се обидуваше да создаде летачки мотор – но, на крајот тој заврши со работа на индустриски дронови со Сабиров и Зинуров. Наскоро, тие добија инвестиции и поддршка од FPI во 2014-та година, пишува магазинот Inc.

“Првично, момците имаа прототип на самолетачко такси”, објасни Александар Тимофеев. “Сфативме дека системот е нов и остварлив, но ги убедивме да го претворат во беспилотна товарна платформа.

Тимофеев верува дека испораката на дронови ќе има побарувачка во областите со лоша инфраструктура. Ова е особено случај на места како што се северна Русија и на бреговите на големите сибирски реки, каде што мостовите се далеку оддалечени еден од друг, а да се дојде од една страна на друга страна со помош на патни возила требаат многу километри дополнително возење.”

Работата на дроновите

И покрај тоа што работите се во рана фаза, стартaпот напредува со своите амбициозни планови за флотата поврзана со блокчејн.

Во срцето на проектот е токенот, за кој тимот вели дека ќе служи како клучна улога во управувањето со флотата.

“Од самиот почеток на SKYFchain, на автопилотот за дронови SKYF ќе му треба овластување од SKYFchain за полетување”, се вели во белата хартија на проектот.

ARDN досега произведе три дрона, но планот е дека до 2021-ва година ќе има над 1100 SKYF дронови низ целиот свет. Гледајќи подалеку, целта е другите производители на товарни дронови кои пренесуваат преку воздух, вода и земја да преминат во мрежата на SKYFchain.

И во тоа време, поддржувачите на проектот се надеваат дека ќе видат околу 12,5 милиони трансакции направени на нивните блокчејни.

Компанијата веќе има обезбедено партнерства со Виетнамското пристаниште ITC, Кинеската компанија за испорака ZTO Express и голем број руски ентитети, вклучувајќи ги и земјоделските, компаниите за испораки и нафтените и гасните компании, како и Одделот за транспорт на далечниот Источен регион Хабаровск , ARDN вели:

Вклучените страни потпишаа прелиминарни договори за тестирање на SKYF дроновите за нивно можно вклучување во нивните бизниси.

Leave a comment