Блокчејн во денешните индустрии

Криптовалутите се изградени врз основа на блокчејн технологијата и голем дел од нивниот успех е акредитиран на овој револуционерен чекор напред. Кога ќе слушнете “блокчејн” или “блокчејн технологија”, некои од зборовите кои ви доаѓаат на ум се криптовалути, финансии или децентрализирани процеси. Сепак, блокчејн технологијата се однесува на многу повеќе од само финансии или полиња поврзани со крипто. Во денешното општество, блокчејн се шири во корпоративниот сектор и револуционизира повеќе индустрии надвор од само финансиите. Еве неколку индустрии во рамките на корпоративниот сектор кои користат блокчејн технологија.

Автомобилство и транспорт

Hand holding tablet is pressing button on touch screen interface in front Logistics Industrial Container Cargo freight ship for Concept of fast or instant shipping, Online goods orders worldwide

Воведувањето на блокчејн технологијата во голема мера влијаеше на транспортната индустрија, правејќи ги компаниите попрофитабилни од било кога. За почеток, секој бизнис кој воведува транспортни услуги сега може лесно да организира кај кој и каде ќе одат нивните пратки. Децентрализираниотм ledger им овозможува на сопствениците на бизниси брзо да ги видат точните податоци за секоја трансакција, елиминирајќи ги планините на документи и посредници, кои го продолжуваат процесот уште повеќе. Испораките имаат потенцијал да бидат многу побрзи, со оглед на интеграцијата на паметни договори кои што ќе го намалат времето поминато на контролните пунктови или барањата за одобрување. Со зголемената побарувачка за “испорачување на пратката уште истиот ден” или “експресното испорачување”, можностите се бесконечни со оглед на тоа колку брзо блокчејн го подобрува системот.

Споровите за испорака, несигурните патишта и оштетените производи се проблеми кои може да се решат со блокчејната технологија, потпирајќи се на – во најголем дел автоматското – внесување на податоци кои можат да ја потврдат и автентицираат секоја трансакција. Како такви, се развиваат нови блокчејни е-паричници за автомобилската индустрија, кои ќе им овозможат на луѓето безбедно да направат peer to peer трансакции, како и автоматски да плаќаат за патарини и други давачки.

Неколку превозни гиганти веќе ги направија првите чекори кон усвојување на блокчејн технологијата. Всушност, UPS е еден од најраните поддржувачи на блокчејната технологија во индустријата за транспорт, па кон крајот на 2017-та година се приклучи на блокчејн во Trucking Alliance (BiTA). Поточно, UPS ги испитува блокчејните намени во рамките на својот синџир на снабдување за да ја зголеми ефикасноста во сите трансакции. “Технологијата има потенцијал да ја зголеми транспарентноста и ефикасноста меѓу испраќачите”, вели директорот на UPS за корпоративна архитектура и иновација, Линда Викленд. Недолго потоа, FedEx, исто така, се приклучи на BiTA, во обид да го интегрира блокчејнот во своите секојдневни операции. Најголемата светска компанија за превоз Maersk го заврши својот прв тест за нов систем базиран на блокчејн за управување со товар. Со силна поддршка од повеќе индустриски лидери, блокчејн технологијата брзо се усвојува во овој простор и наскоро може да биде интегрална компонента за неговиот иден успех. Раното усвојување на блокчејн иницијативи од страна на зрели компании како UPS и FedEx укажува на ветувачка иднина за иновативната технологија во оваа индустрија.

Снабдувачките синџири

Зголемената транспарентност, заедно со постојаните децентрализирани трансакции, на крајот ќе го трансформира начинот на кој синџирите на снабдување се управуваат во сите аспекти на системот. Повторно, ние го набљудуваме потенцијалот на блокчејн за брзо зголемување на ефикасноста и безбедноста, што резултира со помали човечки грешки и потрошено време. Зголемувањето на децентрализацијата и зајакнувањето на подобриот капацитет од различни даватели на услуги ќе резултира со пониски трошоци за испорака, обезбедувајќи корисни резултати за потрошувачот и давателот. Сепак, ризикот од сето ова е , отуѓување на постоечките сопственици на средства кои работат против трендовите на пазарот за децентрализирани модели и бараат централизација на плаќањето за да добијат повисок принос.

Една од клучните сеопфатни придобивки кои произлегуваат од интеграцијата на блокчејната технологија во управувањето со синџирот на снабдување е намалувањето на емисиите од отпадот и зголемената еколошка безбедност. Сега, секој чекор од синџирот на снабдување може да се следи и анализира, овозможувајќи им на експертите правилно да проценат каков вид на влијанија претставуваат нивните производи врз животната средина или општото здравје. Дополнително, ова создава повисок стандард на ефикасност кој ќе помогне да се забрза стапката по која ја иновираме технологијата, бидејќи претпријатијата бараат се поголема и поголема ефикаснот.

Значи, кои се лидерите во искористување на блокчејн технологијата во внатрешните синџири на снабдување? Па, слично на оние во транспортната индустрија, компаниите во прехранбената индустрија брзо влегоа во блокчејниот простор и создадоа “Food Trust” предводена од Walmart, која се состоеше од десет индустриски гиганти, вклучувајќи познати синџири како што се Nestle и Dole. Заедно, овие компании ќе работат на консолидирање и споделување на податоци во врска со трансакциите за производство со цел да се спречат здравствени кризи. За референца, блокчејната технологија им овозможува на вработените да ги пронајдат сите извори на производите за само 2,2 секунди – многу побрзо од цела недела која претходно им требала. Кога фактите ги претставуваат драстичните подобрувања во ефикасноста од ваква мера, тешко е да се одбие тврдењето дека блокчејнот може да биде иднината на сите системи на синџирите на снабдување.

Испорака

Секој бизнис кој се занимава со трансакции или купувања е подложен на влијание од блокчејната технологија. Обично процесот на верификација од страна на примачите е она што најмногу го пролонгира целиот процес на испорака , но благодарение на паметните договори и доверливите ledgers, сето ова брзо може да се промени. Пратките може да се следат од истата секунда кога тие се испорачуваат, до моментот кога примачот ќе потврди дека ја добил, и користејќи ја јавната ledger за целата историја на пратките и нивните детали ќе го направат овој процес многу поефикасен. Со зголемена ефикасност доаѓаат намалените надоместоци и трансакциски плаќања, што претставува закана за големите пазари кои приложуваат мала надокнада на трети лица кои се продавачи.

Да го земеме Amazon како пример. Безос го легитимираше Amazon како еден од најпознатите – ако не и најмногу – доминантни пазари за е-трговија. За жал, ова доаѓа на сметка на трети лица продавачи кои ризикуваат Amazon да го копира нивниот производ и комплетно да ги отсече, потенцијално правејќи го нивниот бизнис старомоден. Како такви, децентрализираните пазари можат да му ги дадат трошоците од испораката и ракување на производителот, овозможувајќи му/и на него/неа директно да ги прилагоди цените. Иако постојат неколку ризици кои се совпаѓаат со појавата на децентрализирани пазари, јасно е дека монополските компании како Amazon веќе се соочуваат со влијанието и промената од блокчејната технологија во секторот за транспорт.

Блокчејн во крајна линија ќе го демократизира капиталот и ќе ги елиминира посредниците, бидејќи намените за неговата технологија продолжуваат да растат на пазарите надвор од финансиите. Во текот на следните пет до десет години, очекуваме оваа технологија да го прошири своето влијание кон многу повеќе индустрии, бидејќи таа брзо продолжува да претставува еден од најреволуционите системи на кои сме биле сведоци од интернетот навака.

Leave a comment