Блокчејнот на Everipedia, компетиторот на Wikipedia, е сега пуштен во употреба

Матичната мрежа за децентрализираниот стартап на онлајн енциклопедијата Everipedia е сега пуштен во употреба.

Конкурентот на Wikipedia базиран на блокчејн го објави лансирањето во четврток, овозможувајќи им на корисниците да ги заработат своите IQ токени за додавање или уредување статии на платформата. Овие токени, пак, ќе им овозможат на корисниците да учествуваат и да гласаат за прашања поврзани со управувањето со мрежата.

Девелоперите на Everipedia се надеваат дека овој тип на модел ќе осигура дека платформата останува целосно независна од донации или реклами. Во исто време, притисокот кон децентрализацијата има за цел да ја направи самата платформа “нецензурирана”.

Додека Everipedia претходно беше достапна од секој со интернет конекција, лансирањето на mainnet значи дека сега ќе се движи од традиционалната Web hosting услуга до блокчејн со нов URL.

Платформата е изградена на EOS блокчејната платформа, со тоа што Everipedia се пресели на EOS мрежата претходно оваа година.

Everipedia објави дека првично ќе ги дистрибуира своите IQ-токени преку airdrop откако ЕОЅ ќе стапи во живо. Секој корисник кој поседувал токени на EOS би можел да добие IQ-токени, изјавија од стартапот во тоа време.

Стартапот, особено го пофали ко-основачот на Wikipedia, Лари Сангер, како главен службеник за информации.

Во соопштението, Сангер го пофали лансирањето, велејќи дека “ние сме возбудени да ја објавиме нашата минималн-одржлива мрежа која им овозможува на корисниците за прв пат да гласаат и да создаваат статии на децентрализиран начин”.

Leave a comment